Пита со тиква
Пита со тиква е десерт со фил врз основа на тиква. Тиквата е симбол на време за жетва, а питата од тиква често се јаде за време на есента и почетокот на зимата. Во САД и Канада, обично се подготвува за Денот на благодарноста и други прилики кога е сезона на тиквата.
Вид | Пита |
---|---|
Дел од оброкот | Десерт |
Место на потекло | САД |
Главни состојки | Тестото за пита, тиква, јајца, кондензирано млеко, шеќер, мускатно оревче, цимет, ѓумбир, каранфилче |
Питата се состои од крем направен од тиква, кој варира од портокалова до кафеава боја. Питата е генерално зачинета со цимет, ѓумбир во прав, мускатно оревче и каранфилче. Исто така често се користи пимент и може да го замени каранфилчето и морското оревче, бидејќи неговиот вкус е сличен на комбинацијата од овие две. Кардамон и ванила, исто така се користат понекогаш како зачини за тестото.
Питата се прави најчесто од сортата тикви Cucurbita moschata.
Подготовка
уредиПрвиот чекор за добивање на пита од тиква е тиквата да се пресече на пола и да се отстранат семките од нејзината внатрешност. Двете половини се загреваат во рерна до омекнување, на отворен оган на шпоретот или во микробранова печка.
Пулпата се меша со јајца, засладено кондензирано млеко, шеќер и со мешавина од зачини, која вклучува морско оревче и други зачини (на пример, ѓумбир, цимет, каранфилче, пимент, и други), потоа се пече обвиткана во тесто. Слични пити се прават со сладок компир.[1]
Историја
уредиТиквата потекнува од Северна Америка. Тиквата почнала да се извезува во Франција, а од таму во Англија. Во текот на седумнаесеттиот век, рецептите за пити од тиква можеле да се најдат во англиските готвачки книги, како што е „Придружник на господата“ на Хана Вули (1675). Питите од тиква направени од раните американски колонисти најверојатно биле солени супи направени и служени во кора од слатка тиква.
Кон почетокот на XIX век рецептите за пита од тиква се појавиле во американските готвачи кога питата од тиква станала заеднички прилог на вечерата за Денот на благодарноста. Аџиите ја донеле питата од тиква во Нова Англија,[2] додека англискиот метод за готвење на питата се изменил. Во 19 век, англиската пита од тиква била подготвена со полнење на тиквата со јаболка, зачини и шеќер, што потоа се печела.[3][4] Во САД по граѓанската војна, питата од тиква не се подготвувала во јужните држави, бидејќи ја сметале како симбол на културата на Јенките наметната на југот, каде што немало традиција за јадење тиква. Многу јужни готвачи наместо тоа правеле пита од сладок компир, или додавале бурбон и пекан, за да ја направат пристапна за југот.[5]
Денес, низ поголемиот дел од САД традиционално е да се служи пита од тиква по вечерата на Денот на благодарноста. Покрај тоа, многу современи компании произведуваат сезонски производи со вкус на пита од тиква како што се бонбони, кафе, сладолед, француски тост, вафли и палачинки, а многу пиварници произведуваат сезонски тикви или пиво; кои обично се зачинети со зачините што се користат за питата од тиква.
Питата од тиква во 1947 година не била подготвувана за Денот на благодарноста, поради кампањата за рационализација, главно поради јајцата во рецептот.[6]
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ [1][мртва врска]
- ↑ Colquhoun, Kate (2007-12-24). „A Dessert With a Past“. New York Times. Посетено на 2010-12-04.
- ↑ Reports on the herbaceous plants and on the quadrupeds of Massachusetts, 1840
- ↑ „How did the squash get its name?“. Library of Congress. Посетено на September 15, 2013.
- ↑ Ariel Knoebel (November 21, 2017). „How Pumpkin Pie Sparked a 19th-Century Culture War“. Atlas Obscura. Посетено на November 22, 2017.
- ↑ Humes, Michele (November 23, 2009). „The Way We Ate: The Year Harry Truman Passed on Pumpkin Pie“. Diner's Journal. The New York Times. Посетено на November 17, 2017.