Писма од Гоце Делчев до Никола Зографов

Ѓорѓи Николов Делчев, попознат како Гоце Делчев (Кукуш, 4 февруари 1872 - Баница, 4 мај 1903) — македонски револуционер и национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, апостол и срцето на револуционерна Македонија идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век.[1]. Во текот на своето револуционерно дејствување тој напишал испратил многу дописки телеграми и писма од кои зачувани се 272.[2]Во прилог следи неизменет текст на писмата кои ги пишувал Гоце Делчев.

Писмо до Никола Зографов 6 мај 1901 уреди

„Никола, досега не сум ти пишал зашто и самиот не сум си определил што може да се прави за понатаму. Пријателите што се таму исклучувајќи ги неколцина, ќе се поканат на приватна работа . А ти засега направи го следното: направи еден список на материјалот што е во сопственост на Внатрешната организација, како на пример бомби и разни инструменти, правот, разни патрони, револвери и сите пушки вратени од четите, за да се знае со што располага Внатрешната организација, без да се обраќа кон овдешниот комитет, и друг еден список на оние материјали што се споственост и со кои располага овдешниот комитет. Следниот список ќе ти послужи при напаѓањето на материјалите. На материјалите, и на луѓето од комитетот, кои ќе дојдат скоро кај тебе. А пак првиот ќе ми треба мене за да знам што има Внатрешната организација на свое располагање. Воопшто направи едно разграничување на материјалот (на овдешниот комитет и на Внатрешната организација ). Човек што ќе те замени тебе, уште не сме определиле.Есента беше поминала четата, со која беа и Атанасовци, Пазарџиклијата и Градоборлијата преку Црварица. Таму тие ги оставиле своите пушки, меѓу кои имало и две грчки (едната средна пионерка и другата долга), кои биле сопственост на двајца од четниците, и тоа првата на Атанас Димитров, а втората на Пане Петров. Овие луѓе сакаат да им се купат. Гледај дали се одбележани во списокот што ти го оставиле, па после пиши во комитетот, за да им се исплатат и да станат сопственост на комитетот. Овде Атанасовци тврдат дека споменатите пушки биле навистина нивна сопственост.“

Гоце Делчев том II Гоце Делчев преписка редакција Христо Андонов - Полјански стр.117-118 Издавач Култура 1972.

Писмо од Делчев до Зографов со задача да направи списоци на оружјето и материјалите со кои располагаат Внатрешната организација и софискиот Врховен комитет.

Писмо до Никола Зографов 9 март 1897 уреди

„Никола,овде го приклучувам од вас бараното полномошно.Како што гледаш, самото полномошно е во многу стеснета форма, кога за поттикнување на другарите требаше нешто поопширно. Но за жал листот е во многу мал формат. При покажувањето на листот внимавај да не попадне на слаби очи со тесна памет, па наместо веѓи да вадиме очи.Вчера испратија една сума од околу двесте или двесте и педесет не паметам, наедно со нив и мартинки, гледајте повеќе од сто да пренесете во Паланечко. Нема сомнение, ќе има некоја пратка и во Кочанско преку Сажденик. Овие денови мислам да одам накај Тракиско, но пред да тргнам ќе пратам една голема кутија, која ќе ја препратиш во Гилани неодложно. Ќе пратам уште еден револвер со сто патрони за Груев и две ками - едната за Пелаги во Радович,а другата за Груев. По моето тргнување одовде ќе им пишеш на браќа Иванови да ме известат дека има соопштение од Куманово дека досега не бил пренесен целиот динамит, а само осумстотини и седумдесет и четири кила, и дека добро ќе биде да заминам во Србија. Освен тоа во истото писмо ќе ме известиш дека досега целиот прав е потурен, но сто кила помалку отколку што јас сум ти пишал, то ест наместо седумстотини и осумдесет и две , само шестотини и седумдесет и две кила. Ако има некои писма, препрати ги неодложно. “

Гоце Делчев том II Гоце Делчев преписка редакција Христо Андонов - Полјански стр.34-35 Издавач Култура 1972.

Писмо од Гоце Делчев до Никола Зографов со известување дека испратил пушки за Паланечко, а на Даме Груев му праќа револвер со 100 куршуми и две ками.

Писмо до Никола Зографов 15 Јуни 1899 уреди

„Никола, да знаеше каква непријатност ми создаваш со неточното исполнување на ова што ти го пишувам, сигурно, верувам, никогаш така не би постапил. Не само Андон, туку и Ицо не ми требаше, кого го викав само за да мудадам некои упатства. Сега Андон се враќа, но се гледа, сосема разочаран, а тоа немаше да стане со него ако не дојдеше овде. Јас заминувам за внатрешноста па не знам дали ќе се видиме веќе. Ти го препраќам одново новопристигнатото писмо, кое јас не можам да го прочитам. Прочитај го ти и содржината предај му ја на Ѓорета, а истовремено и ти сам да се вообразиш со него во случај ако има нешто. Гледајте, џанам да ја уредите работата со уништувањето на виничкиот изрод. Не заборавајте дека и Сарафот е опасен. Поздрави ги Рајна, Љубето, Ѓоре, Добре, Нако и сите пријатели. Дај и на бабата ако можеш 20-тина лева.“

Гоце Делчев том II Гоце Делчев преписка редакција Христо Андонов - Полјански стр.34-35 Издавач Култура 1972.

Писмо на Делчев до Зографов со известување дека заминува во внатрешноста (Македонија) и бара да се уреди ликвидирањето на виничкиот предавник Ѓорѓија Иванов.

Наводи уреди

  1. Димитар Димески, Македонското национално движење во Битолскиот вилает (1893-1903), II издание, Скопје, 1982
  2. Гоце Делчев том II Гоце Делчев преписка редакција Христо Андонов - Полјански Издавач Култура 1972.