Пирова победа
Статијава е дел од темата: Римска војска (Портал) | |||
Структурна историја | |||
Војска (видови единици и рангови, легии, генерали) | |||
Морнарица (флоти, адмирали) | |||
Походна историја | |||
Листи на Војни и Битки | |||
Одликувања и Казни | |||
Технолошка историја | |||
Воено инженерство (кастри, опсадна машинерија, арки, патишта) | |||
Лична опрема | |||
Политичка историја | |||
Стратегија и тактика | |||
Пешадиска тактика | |||
Граници и утврдувања (Лимес, Адријанов ѕид) |
Пирова победа — победа по многу висока цена за победникот. Фразата се однесува Пир Епирски, кралот на Молосијците, Епир и Македонија, чија војска била речиси уништена при неговата победа над римјаните за време на Пировата војна во Хераклеја во 280 п.н.е. и Аскул во 279 п.н.е.. Плутарх ни дава навод од извештај на историчарот Дионисиј Халикарнаски по завршетокот на второспоменатава војна:
- „Војските се разделија; и, беше речено, дека Пир му одговорил на некој кој се радувал на неговата победа дека уште една ваква победа сосема ќе го срози. Тој изгубил голем дел од неговата војска што ја донел, а и речиси сите особени пријатели и војсководци; немало кој друг да се регрутира, а сојузниците во Италија ги сметал за назадни. Од друга страна, како фонтана која везден истекува од градот, римскиот логор набргу бил обилно пополнет со нови војници, со воопшто несмалена храброст заради претрпената загуба, туку заради самиот тој гнев, смогнувајќи нова сила и одлучност за војување.“ [1] Архивирано на 6 јануари 2011 г.
Примери
уреди- Битка кај Малплаке (1709) - Војна за шпанското наследство
- Битка кај Бункерскиот рид (1775) - Американска револуција
- Втора Бурска војна (1899-1902)
- Зимска војна (1939-1940)
- Битка за Санта Крус (1942) - Втора светска војна, Тихоокеанско боиште
- Битка за Вуковар (1991)