Пивски џем

џем чија главна состојка е пиво

Пивски џем, познат и како пивско желе[1] — џем приготвен од пиво како главна состојка.[2] Тој може да биде благ или солен џем и понекогаш може да има течен состав. Џемот може да се користи за премачкување на месо и зеленчук или како зачин. Некои претпријатија произведуваат пивски џем за малопродажба.

Пивски џем од малина и ванила
Пивски џем од цреши послужен со земички

ОписУреди

Основната состојка на пивскиот џем е пиво. Како последица на испарувањето на алкохолот при приготвувањето,[1] пивскиот џем може да биде безалкохолен.[3] Притоа, за негово приготвување може да се користат разни видови на пиво, како на пример ел, темно пиво и стаут.[2][4]

Некои видови на пивски џем се со течен состав наместо како џем или желе,[4] при што течните видови се користат за приготвување на мешани пијалаци и коктели.[4] Од друга страна, некои видови може да содржат само пиво и пектин[1] или да бидат посложени со мешање на благи и солени состојки. Благите видови може да содржат: шеќер, пимент, каранфил, портокалова сладина, ѕвезден анасон, лимон и ванила;[4] солените видови, пак, може да содржат: домат, кромитче, мелен пармезан, маслиново масло, рузмарин, балзамичен оцет и шеќер или кафен шеќер.[2]

ПрименаУреди

Пивскиот џем може да се користи како полнење за пецива,[2] како средство за премачкување на месо и зеленчук[1] или како додаток на прехранбени производи, како сирење, сувомеснати производи и двопек.[1][3][4][5]

ГалеријаУреди

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Do you fancy an IPA or oatmeal stout jam on your toast? You're in luck“. Daily Mirror. August 20, 2015. Посетено на 18 декември 2015.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Dodd, J. (2015). The Craft Beer Bites Cookbook. Adams Media Corporation. стр. 109–110. ISBN 978-1-4405-8167-0.[мртва врска]
  3. 3,0 3,1 Chubb, Christabel (14 August 2015). „Would you try spreadable beer?“. The Telegraph. Посетено на 18 декември 2015.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Leahy, K.; Virant, P. (2012). The Preservation Kitchen. Ten Speed Press. стр. 60–61. ISBN 978-1-60774-100-8.
  5. Quirk, Mary Beth (24 September 2014). „Someone Made Craft Beer Jelly Because That Is Clearly What Peanut Butter Has Been Missing“. Consumerist. Посетено на 18 декември 2015.

Надворешни врскиУреди