Пештерата Дегуриќ претставува најдолгата и најубавата пештера во регионот на ваљевскиот карст. Се наоѓа во близина на Ваљево. Низ главниот канал тече поток кој минува низ шест сифони. Првиот сифон е длабок 6 метри, а шестиот сифон е најдлабок и низ него не се поминува. Влезниот канал е, до првиот сифон, долг 450,8 метри. Вкупната должина на сите канали (од влез до третиот сифон) е 2027,7 метри. Најатрактивен дел од пештерата е местото каде што се спојуваат страничните канали и езерото пред вториот сифон. Истражувањето на пештерата Дегуриќ сè уште не е завршено.

Галерија

уреди

Надворешни врски

уреди

44°14′17″N 19°53′1″E / 44.23806° СГШ; 19.88361° ИГД / 44.23806; 19.8836144°14′17″N 19°53′1″E / 44.23806° СГШ; 19.88361° ИГД / 44.23806; 19.88361