Пеце Н. Пејковски ( во Бразда, Скопско1945 во Славонска Пожега, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Спомен-плоча за загинатите во НОБ во селото Бразда, на која се наоѓа ѝ името на Пеце Пејковски

Животопис уреди

Потекнувал од селско семејство. Завршил основно училиште, по што се занимавал со земјоделство. Стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада и со неа учествувал во борбите за ликвидирање на заостанатите одметнати балистички банди на Косово.[1] Потоа со XV македонски корпус заминал во Срем каде претходно се оспособил за фронтално војување,[2] преку тромесечна обука. Со Шеснаесеттата бригада учествувал во пробивот на Сремскиот фронт, особено во борбите за ослободување на Славонска Пожега. Таму биле опколени големи германски и усташки единици и истите биле потполно уништени. Во таа голема и славна победа, храбро загинал во април 1945 година. Бил закопан во гробиштата на градот, за чија слобода го дал својот живот.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 111. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. Стојановски - Цоњче, Бојко (1999). Скопско црногорие: од Бразда до Брњарци - III Книга. Скопје: "Гоце Делчев". стр. 24. ISBN 9989-35-022-1.