Пер Мертезакер

(Пренасочено од Пер Мертесакер)

Пер Мертезакер (германски: Per Mertesacker) (роден на 29 септември 1984 во Хановер, Западна Германија) — Германски фудбалер кој игра за Арсенал и за фудбалската репрезентација на Германија.

Пер Мертезакер
Лични податоци
Роден во Хановер, Германија
Висина 200 см
Позиција Одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Арсенал Арсенал
Број 4
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2003–2006 Хановер 96 74 (7)
2006-2011 Вердер Бремен 147 (12)
2011- Арсенал 149
Репрезентација
2007- Германија 104 (4)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари

Клупска кариера уреди

Мертезакер своето прво деби го имал за младиот состав на Хановер, за подоцна да го има своето прво деби за првиот состав на Хановер. Мертезакер имаше несреќен старт бидејќи уште на самиот почеток го скрши својот и нос и си постигна авто-гол. Но кога сè се стабилизира, тој можеше да се смета како еден од најдобрите млади одбранбени играчи во Будеслигата. Неговата игра беше необично „чиста“, затоа што доби само 2 жолти картони на 74 натпревари, со тоа што регуларно ги неутрализираше противниците. Високиот Мертезакер наскоро беше наречен Одбрабен Столб (die Abwehrlatte) од Германските таблоиди. Во август 2006 тој направи трансфер кој беше вреден 5 милиони евра во Вердер, после добрата игра на Светското првенство во Германија, во кое Германија беше 3та.

Мертезакер го доби својот прв црвен картон во професионалната кариера на натпреварот против Штутгарт, во кој Вердер изгуби со 3-6.

На 21 јуни 2009, Мертезакер го продолжи својот договор со Вердер до 30 јуни 2012.

Интернационална кариера уреди

Во септември 2004, Јирген Клинсман го повика Мертезакер за натпреварот против Иран на 9 октомври 2004. На само 19 години Мертецакер стана еден од најмладите играчи коишто дебитирале за Германија. Со неговата мирна, но ефктивна игра, тој им парираше на Роберт Хут и Кристоф Мецелдер.

На Светското првенство во 2006 тој беше нападнат од Леонардо Куфре откако Германија победи со 4-2 на пенали. Тој доби мала повреда во колкот и удар од таа препирка. Откако Германија изгуби во полуфиналето од Италија Мертезакер изјави дека една од неговите нозе е повредена, но и дека не е од претходниот напад, туку се здобил со повреда на претходните натпревари и со тоа го пропуштил натпреварот за 3тото место

Статистика во кариерата уреди

Клупска статистика уреди

Клупски Перформанси
Клуб Сезона Бундеслига ДФБ Куп Европски натпреварувања Вкупно
Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови
Вердер Бремен 2008-09 8 1 0 0 3 1 11 2
2007-08 32 1 2 0 7 0 41 1
2006-07 25 2 0 0 10 2 35 4
Вкупно 65 4 2 0 18 2 85 6
Хановер 2005-06 30 5 3 0 - - 33 5
2004-05 31 2 4 1 - - 35 3
2003-04 13 0 1 0 - - 14 0
Вкупно 74 7 8 1 82 8
Вкупно во кариерата 139 11 9 1 12 2 160 14

Белешки уреди

Надворешни врски уреди