Перуќко Езеровештачко езеро на реката Цетина, помеѓу планините Динара и Свилаја во Хрватска. Површината на езерото изнесува 15 км2, најголемата длабочина е 65 м, а неговата должина е околу 20 км. Езерото настанало во 1958 година со изградбата на браната Перуќа. Со изградбата на оваа брана биле поплавени делови од околните села, вклучувајќи плодни земјишта и куќи. Поплавен бил и манастирот Драговиќ од 1395 година, кај селото Кољане, а бил изграден нов на повисоко место. Хидроелектраната Перуќа била изградена 2 години после подигањето на браната кај Бителиќ. Езерото е значајно и за регулација на нивото на водата на Цетина т.е. спречување на поплава.

Перуќко Езеро
Perućko jezero
ПодрачјеСплитско-далматинска Жупанија, Далмација
Координати43°51′N 16°31′E / 43.850° СГШ; 16.517° ИГД / 43.850; 16.517
Видвештачко езеро
Главни приливиЦетина
Главни истециЦетина
Слив&100000000000000037000003,700 км2
Сливни земјиХрватска
Најг. должина18 км
Најг. ширина3 км
Површина&1000000000000013000000013,0 км2
Најг. длабочина64 м
Зафатнина0,565 км3
Надм. височина360 м
Перуќко Езеро is located in Хрватска
Перуќко Езеро
Местоположба на Перуќкото Езеро во Хрватска