Пертевнијал султан
Пертевнијал султан (1812 - 5 февруари 1883) — отоманска султанија, сопруга на султанот Махмуд II и Валиде султан на нејзиниот син Абдул Азис.[1]
Пертевнијал султан | |
---|---|
Роден(а) | 1812 Влашко, Отоманско Царство |
Починал(а) | 5 февруари 1883 Бешикташ, Цариград |
Почивалиште | џамија Пертевнијал Султан во Аксарај, Истанбул |
Живеалиште | Долмабахче, Цариград |
Народност | Власи |
Познат(а) по | Валиде султан |
Вера | Римокатолицизам, подоцна ислам |
Сопружник | Махмуд II |
Деца | Абдул Азис |
По потекло била од Влашка. Во 1867 патувала во службена посета на Франција, Обединетото Кралство и Прусија. Во 1868 г. година француската кралица Евгенија била во посета на Цариград и била донесена од страна на султанот на неговата мајка во Долмабахче, но наводно Пертевнијал била навредена од присуството на странска жена во харемот, и ја поздравила кралицата со шамар во лице, кое речиси довело до меѓународен инцидент.
Нејзиниот гроб се наоѓа во џамија Пертевнијал Султан.
Наводи
уреди- ↑ „Sultan Abdülaziz Han“. Republic of Turkey Ministry of Culture and Tourism. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2009-02-06.