Пеење на дождот (филм)

Пеење на дождот (англиски: Singin' in the Rain) — американски филм од 1952 година, во режија на Стенли Донен и Џин Кели. Главните улоги ги играат: Џин Кели, Доналд О'Конор, Деби Рејнолдс, Џин Хаген, Рита Морено, Сид Шарис итн.[1] Филмот имал две номинации за „Оскар“, освоил еден „Златен глобус“, а во 1989 година бил зачуван во Националниот филмски регистер на САД.[2]

Трејлер

Синопсис уреди

Дон Локвуд (го игра Кели) е позната глумец од ерата на немиот филм, кој е познат по соработката со глумицата Лина Ламон (ја игра Рејнолдс). На премиерата на нивниот најнов филм, Дон ја раскажува својата животна приказна. Подоцна, за време на забавата, младата девојка Кети (ја игра Хаген) ја удира Ламон со торта во лицето. Потоа, Дон ја бара насекаде Кети и најпосле ја наоѓа за време на снимањето на друг филм. По појавата на првиот звучен филм, сопственикот на филмското студио ги ангажира Дон и Лина да снимаат звучен филм, иако Лина има несоодветен глас. По првата претпремиера, Дон сфаќа дека филмот ќе доживее целосен неуспех и решава да го преработи, правејќи го мјузикл. Меѓутоа, проблемот е во тоа што Лина не знае да пее, па затоа неа ја заменува Кети. Филмот доживува голем успех, но Лина станува алчна и почнува да ги уценува Дон и директорот на студиото. Затоа, по премиерата на филмот, Дон ја открива измамата дека Лина не пее на филмот. Најпосле, тој и Кети се заедно, а таа станува глумица.

Наводи уреди