Паула Кабаљеро
Паула Кабаљеро е климатски активист и дипломат. Уште од конференцијата на Обединети нации во 1995 година, таа била вклучена во преговорите за климата како шеф на делегацијата на Колумбија.[1] Била директорка за животна средина и природни ресурси во Светска банка од 2014-2016 година.[1][2] Од април 2023 година, таа служела како регионален извршен директор за Латинска Америка во Организацијата за заштита на природата.[3]
Ран живот
уредиПаула Кабаљеро е внука на Хелена Лаверде де Гомез. Паула Кабалеро студирала на Универзитетот Браун каде што дипломирала по историја и магистрирала по меѓународни односи.[4] Откако дипломирала на Универзитетот Браун, се вратила во Богота, Колумбија и работела како истражувач во Центарот за меѓународен развој на Универзитетот во Лос Андес. Со текот на годините, таа работела на различни работни места низ светот како Богота, Лондон и Њујорк.
17 Цели за одржлив развој
уредиПаула Кабаљеро ги конципирала 17-те цели за одржлив развој како цели кои ќе ги заменат Милениумските развојни цели предложени во 2000 година.[5][2] МРЦ не направиле доволно за одржливост на животната средина и имало фокус само на земјите во развој.[6][7] Таа првпат ги претставила овие цели пред Обединетите нации во Соло, Индонезија, но тие не биле предмет на дискусија таму. Комитетот повторно се собрале во Рио де Жанеиро во 2012 година, но само Гватемала се потпиша. Важна тема на дебата било дали биле вклучени премногу цели. Во 2015 година, Генералното собрание на Обединетите нации ги усвои целите за одржлив развој.[5]
Кабаљеро продолжува да работи на социјалните и климатските проблеми преку Организацијата за заштита на природата.[7]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Arévalo, Caty (2016-11-20). „Las voces latinas más influyentes en las negociaciones del clima“. EFEverde (шпански). Посетено на 2024-07-24.
- ↑ 2,0 2,1 Espectador, El (2020-03-30). „ELESPECTADOR.COM“. ELESPECTADOR.COM (spanish). Посетено на 2024-07-24.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ „The urgency of climate change“. Andover | An independent and inclusive coed boarding high school (англиски). Посетено на 2024-07-15.
- ↑ Alvarado, Lina Fernanda Sánchez (2023-12-05). „Paula Caballero, la mujer que cambió el paradigma del desarrollo sostenible en el mundo“. El País América Colombia (шпански). Посетено на 2024-07-24.
- ↑ 5,0 5,1 „17 Steps to Save the Planet“. www.brownalumnimagazine.com (англиски). Посетено на 2024-07-15.
- ↑ „Paula Caballero: Los ODS no se pueden renegociar - Medio Ambiente - Vida - ELTIEMPO.COM“. web.archive.org. 2022-11-12. Архивирано од изворникот на 2022-11-12. Посетено на 2024-07-24.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ 7,0 7,1 Caballero, Paula; Londoño, Patti (2022-04-07). Redefining Development (English). Lynne Rienner Publishers (објав. 2022-04-27). ISBN 9781955055772.CS1-одржување: датум и година (link) CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)Caballero, Paula; Londoño, Patti (2022-04-07). Redefining Development. Lynne Rienner Publishers (published 2022-04-27). ISBN 9781955055772.
{{cite book}}
: CS1 maint: date and year (link)