Пато Келесице е активист за климатска правда од Габороне, Боцвана.[1] Пато е исто така основачка на Sustain267, непрофитна иницијатива која поттикнува решенија за климатска промени низ Африка, таа служела како проектен офицер[2] и сега служи како водач за одржливост во Јужноафриканската мрежа за климатска акција.[3]

Пато Келесице
Пато Келесице како панелист за време на панел дискусија со тема „Климатски промени во Боцвана“ организирана од корисничката група на заедницата на Викимедија Боцвана како дел од прославите на Денот на Вангари Маатаи
Роден(а)Канје, Боцвана
ДржавјанствоБоцвана
ОбразованиеМагистерски по развојни студии
Познат(а) поКлиматска правда

Биографија

уреди

Пато ее родена во Канје, Боцвана.[4] Таа има диплома по сметководство и финансии, а исто така е кандидат за магистер во развојни студии на Универзитетот во Боцвана. Пато е делегат на Владата на Боцвана на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени.[3] Во 2019 година, Пато била прогласена за една од „африканските лидери под 40 години за отпорност на климатските промени“ од Вилтон Парк, извршна агенција на Министерството за надворешни работи на Обединето Кралство.[1] Таа служела како координатор на Resilient40,[5] која е мрежа од над 60 млади луѓе во 29 африкански земји. Пато е член на Светскиот економски форум.[3]

Активизам

уреди

Искуството на Пато во застапувањето на климтаските проблеми вклучува организирање на младински ангажман и ангажман во заедницата, координација на проекти како и документација.[2] Како феминистка, таа се залагала за користење на африканските феминистички принципи во справувањето со климатските промени.[3] Таа била африканска претставничка, како еден од глобалните младински лидери на самитот на ОН обраќајки до светските лидери за климатските промени како глобален приоритет.[3] Таа служи како советник за Фондот за итна акција-Африка.[6]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „These young leaders are driving action on nature and climate“. World Economic Forum (англиски). 2023-01-15. Посетено на 2023-12-17.
  2. 2,0 2,1 „Pato Kelesitse, Project officer at the South African Climate Action Network and Curator of Global Shapers Community Gaborone Hub“. Africa Economic Conference. Посетено на 17 December 2023.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 „Pato Kelesitse“. Climate Justice Resilience Fund (англиски). Посетено на 2023-12-17.
  4. Ecoville Environmental Reporting in African Media Ep 18 with Pato Kelesitse (англиски), Посетено на 2023-12-17
  5. Страница на Resilient40
  6. „SDG AS A COMPASS FOR NAVIGATING INTERSECTING CRISES“ (PDF). International Development Law Organization IDLO. Посетено на 17 December 2023.