Отвори го главното мени

Паскуал Јордан

германски физичар

Ернест Паскуал Јордан (германски: Pascual Jordan 18 октомври 1902 - 31 јули 1980) бил теоретски и математички физичар кој направил специфични продонеси за квантната механика и теорија за квантните полиња. Тој придонел многу за развојот на математичкиот облик на матричната механика, и развојот на канонските антикомутаторски односи за фермиони. Воедно неговиот изум Јордановата алгебра не се користи често во квантната механика, но нашла други математички примени и сѐ уште се користи во проучувањето на математичките и основните темели на квантната теорија.

Паскуал Јордан
Jordan,Pascual 1963 Kopenhagen.jpg
Паскуал Јордан (1963)
Роден18 октомври 1902
Хановер, Кралство Прусија, Германска Империја
Починал31 јули 1980(1980-07-31) (воз. 77 г.)
Хамбург, Западна Германија
НационалностГерманија
ПолињаФизика
УстановиХановерски технички универзитет
Докторски менторМакс Борн
ДокторандиЈурген Елерс, Енгелберт Шукинг
Познат поквантна механика, теорија за квнатните полиња, матрична механика, Јорданова алгебра, Нацизам политичка определба
Поважни наградиМедал „Макс Планк“ (1942), Медал „Карл Фридрих Гаус“ (1955)

Јордан се придружил на нацистичката партија, како ѝ Филип Ленард и Јоханес Штарк. Поради ова истите биле изолирани од заедницата на физиката.[1]

Семејна историјаУреди

Паскуал Јорда предокот на Паскуал Јордан[2] бил шпански благородник и коњанички офицер кој служел со Британците за време, а и после Наполеонските војни. Јорда се населил во Хановер, кој тогаш бил под управа на Британската кралска фамилија. Фамилијарното име било сменето во Јордан. Оваа фамилија имала традиција секое машко дете да го наречат Паскуал.

Јордан во 1921 година се запишал на Техничкиот Универзитет во Хановер каде што тој студирал зоологија, математика и физика. Како што било вообичаено за еден студент на германските универзитети, тој ги префрлил своите студии на друг универзитет пред да да се стекне со диплома. Гетингенскиот универзитет, е установата во која во 1923 година го постигнал сопствениот зенит и таму ја стекнал неговата слава во математичките и физичките науки. Јордан на овој универзитет прво станал асистент на математичарот Рихард Курант,а подоцна и на физичарот Макс Борн.

Научна работаУреди

Заедно со Макс Борн и Вернер Хајзенберг Јордан бил коавтор на многу важна серија од трудови за квантната механика.[3] Станува пионер на првобитната квантна теорија за полето[3] пред целосно да го насочи својот фокус кон космологијата пред Втората светска војна.

Јордан поставува еден тип на неповрзана алгебра, сега именувана како Јорданова алгебра во негова чест, во обид да создаде алгебра од променливите за квантната механика и квантната теорија а полето. Денес, алгебрите на фон Нојман се користат за оваа цел. Јордановите алгебри од тогаш се употребуваат во проективната геометрија, аритметиката, комплексната нализа, оптимизиацијата и многу други области од чистата и применета математика, и продолжуваат да бидат употребувани во изучувањето на математичките и концептуални темели на квантна теорија.


Во 1966, Јордан го објавува делото од 182 страни насловено Die Expansion der Erde. Folgerungen aus der Diracschen Gravitationshypothese (Ширењето на земјата. Заклучок од Дираковата гравитациона хипотеза)[4] во кое тој ја развива својата теорија дека, според Дираковата хипотеза за постепеното слабеење на гравитацијата низ историјата на универзумот, Земјата можно е да се проширила до сегашната големина, од првичниот пречник од само 7.000 километри. Оваа теорија може да даде објаснување зошто дуктилниот долен СиМа слој на Земјината кора е со подеднаква дебелина, додека лесно кршливиот СиАл слој на Земјината кора се разделил на постоечките континентални плочи. Континентите кои морале да се приспособат на се порамната површина на растечката топка предизвикало планинските вериги како одговор на оваа промена на површината на Земјата, да наликуваат на збиени набори.[5]

Политичка определбаУреди

Јордан се придружил на Луфтвафе во 1939 година каде работел привремено како метеоролог во центарот за ракети Пенеминде. Во текот на војната тој се обидел да го задржи интересот на нацистичката партијата со различни идеи за напредни оружја. Неговите предлози биле занемарени зашто го сметале за „политички неподобен“, најверојатно поради неговота мината работа со евреите (во главно: Рихард Курант, Макс Борн и Волфганг Паули) и т.н. „Еврејската Физика“.

Јордан да не се придружил на нацистичката партијата, Нобеловата награда за физика во 1954 година ќе ја споделел со Борн и Волтер Боте.[1][6][7]


Волфганг Паули го прогласил Јордан за „рехабилитиран“ до надлежните, некое време по завршувањето на војната, со што му се овозможило да добие академската работа после двегодишен период и да го обнови неговиот целосен статус како професор во 1953 година. Јордан отишол спротивно на советот на Паули, и повторно влегол во политиката откако периодот на денацификација завршил под притисоците на Студената војна. Тој си осигурал мандат во Бундестагот како кандидат на конзервативната Христијанска демократска унија. Во 1957 Joрдан ги подржал наоружувањето на Бундесверот со тактички нуклеарни оружја под Аденауеровата влада, додека пак групата Гетинген 18 (каде се вклучени Борн и Хајзенберг) го изнеле Гетингенскиот манифест како знак на протест. Овие негови одлки, а и други прашања придонеле за понатамошно затегање на неговите односи со поранешните пријатели и колеги.

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 „Max Born and the quantum theory“. конс. 2009-07-01. 
  2. Sheilla Jones, The Quantum Ten: A Story of Passion, Tragedy, Ambition, and Science, Oxford University Press, 2008.
  3. 3,0 3,1 Silvan S. Schweber, QED and the Men Who Made It: Dyson, Feynman, Schwinger, and Tomonaga, Princeton: Princeton University Press, 1994, xxviii + 732 pages, ISBN 0-691-03327-7.
  4. Die Wissenschaft, vol. 124. Friedrich Vieweg & Sohn, Braunschweig 1966
  5. Heinz Haber: „Die Expansion der Erde“ (на German). Unser blauer Planet. Rororo Sachbuch [Rororo nonfiction] (Rororo Taschenbuch Ausgabe [Rororo pocket edition] издание). Reinbek: Rowohlt Verlag. 1967. стр. 48, 52, 54–55. „Nehmen wir einmal an, dass die Erde, als ihre Bildung vor Jahrmilliarden im Wesentlichen abgeschlossen war, einen Durchmesser von nur 7000 Kilometern gehabt hat. So groß war damals vermutlich das Maß der Schwerkraft, dass sie bis auf diesen Durchmesser zusammengepresst wurde. Die Oberfläche einer Kugel dieser Ausmaße entspricht der Gesamtoberfläche aller heutigen Kontinente. Damals war die Kruste der Erde zumindest vorübergehend in einem glutflüssigen Zustand, und so hat sich eine einheitliche Kruste gebildet, wobei eine etwa 5 bis 10 Kilometer dicke Basaltschicht unter einer etwa 30 Kilometer dicken Granitschicht zu liegen kam." [p. 54] English: "Let us assume that the Earth, when its formation was, altogether, completed, billions of years ago, had a diameter of only 7000 kilometers. Gravitation was probably so strong, then, that the Earth was pressed together to a ball of such a diameter. The surface of a ball of such measures tallies with the overall surface of all the continents of today. At that time, the Earth's crust was, at least temporarily, in a molten state. Thus, there formed a regular crust, a layer of basalt of about 5 to 10 km thickness finding its position under an about 30 km thick layer of granite.“ 
  6. Bernstein (2005)
  7. Bert Schroer (2003). Pascual Jordan, his contributions to quantum mechanics and his legacy in contemporary local quantum physics. „arXiv:hep-th/0303241 [hep-th]“. 

Надворешни врскиУреди