Парче задоволство

„Парче задоволство“ (француски: Une partie de plaisir) — француски филм од 1975 година, режиран од Клод Шаброл (Claude Chabrol) по сценариото на Пол Гегоф (Paul Gégauff). Главните улоги ги толкуваат: Пол Гегоф, Даниел Гегоф (Danièle Gégauff) и Клеменс Гегоф (Clemence Gégauff).[1]

Сиже уреди

Филип и Естер имаат среќен брак во кој имаат една ќерка. Нивниот живот е типичен за припадниците на средната класа. Со намера да внесат малку возбудување во нивниот живот, Филип предлага да имаат полови односи со други луѓе, а потоа своите доживувања меѓусебно да си ги опишуваат. Меѓутоа, со текот на времето, Филип го обзема љубомора и бес кон својата жена, а тоа води кон трагедија која го уништува семејството...

  1. HRT, Ugodan izlet, francuski film (пристапено на 21.2.2022)