Парнокопитни

папкари
(Пренасочено од Парнопрсни)
colspan=2 style="text-align: center; background-color: transparent; text-align:center; border: 1px solid red;" | Парнокопитни
Artiodactyla
Период: ипрес - денес
Жирафа (Giraffa camelopardalis)
colspan=2 style="text-align: center; background-color: transparent; text-align:center; border: 1px solid red;" | Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Mammalia
Инфракласа: Eutheria
Надред: Laurasiatheria
Ред: Artiodactyla*
Овен, 1848
colspan=2 style="text-align: center; background-color: transparent; text-align:center; border: 1px solid red;" | Семејства

Парнокопитни (науч. Artiodactyla, од ст. гр. артиос, „целосно“ или „парно“ и дактилос, „прст“) — еден од двата реда на копнени вистински цицачи кои се означуваат како копитари. Овие два реда се разликуваат главно по градбата на стапалото на животните. Парнокопитните се високо успешна група во која се наоѓаат најраспространетите големи копнени денешни цицачи, со повеќе од 220 вида. Тука припаѓаат некои доста познати диви животни, како антилопи, срни, бизони и жирафи, а и најпознатите домашни животни, на пример, камили, стока, кози, свињи, овци и водни бафалоа.

Морфологија

уреди
 
Коски на десното предно стапало кај денешните парнокопитни. Од лево на десно: свиња (Sus scrofa), обичен елен (Cervus elaphus) и камила (Camelus bactrianus). U = ulna, R = radius, c = cuneiform, l = lunar, s = Scaphoid, u = Unciform, m = Magnum, td = Trapezoid. Кај овцата и камилата се гледа долга сложена коска која дава потпора на двете главни (или само на еден) прсти, наречена топовска коска.

Парнокопитните имаат најразличнен надворешен изглед. Тој се движи од малите еленчиња (Tragulidae) од југоисточна Азија, чии единки можат да тежат и помалку од 1 кг и да се високи не повеќе од 35 см во пределот на рамената, па сè до нилскиот коњ (Hippopotamus amphibius) кој тежи околу 4,500 кг. Главата е различна по форма, со влакнеста или гола нуска која може да е мала или голема. Странично поставените очи се често големи со долги трепки, додека ушите, со заоблаени или исшилени врвови, може да се релативно големи или мали во споредба со главата. Должината на вратот може да е кратка или мошне долга. Влакната кои го препокриваат вратот кај повеќето видови се релативно кратки, но некои видови, особено возрасните мажјаци, имаат подолги влакна долж вентралниот раб кои формираат јасно обликуван околувратник. Кај други, превој од кожа извисува од вентралната површина. Грбот може да е прав, или пак раменскиот појас да е повисок (како кај бизонот и гаурот) или обратно (како кај дуикерот). Должината на опашката е исто така најразлична, и тоа од многу кратка до долга. Влакната може да ја опфаќаат целата опашка, или само да се распоредени во еден терминален прамен. Нозете се релативно долги до кратки и релативно тенки кај повеќето видови, освен кај нилските коњи, чии нозе се доста здебелени. Формата на канџите е разнообразна − од тенки до широки во широчина и кратки или долги во должина. Крзното е составено од подолги одбранбени влакна и пократко поткрзно. Најдолгите одбранбени влакна кои можат да се најдат кај еден цицач се оние на овцобикот од Арктикот. Крзното се менува паралелно со сезоните, а кај некои видови неговата боја се разликува меѓу припадниците на различните полови и меѓу единките од различни возрасни групи.

Черепот нема алисфеноиден канал и не постои постериорно издолжување на носните коски. Забите се хетеродонтни и високоспецијализирани во зависност од начинот на исхрана, при што повеќето се прилагодени за растителна храна. Видовите од семејствата Bovidae, Cervidae и Giraffidae ги изгубиле горните секачи. Долните песјаци обично се мали и изменети да функционираат како секачи (инцизиформни песјаци). Горните песјаци кај бовидите и жирафидите отсуствуваат. Тие исто така се отсутни и кај повеќето цервиди, но кај некои видови во ова семејство тие се присутни (иако се мали и тапи, на пример, кај родот Cervus). Кај еленчињата, мунтжаките и некои од помалите безроги срни, горните песјаци се зголемени, додека кај Suidae, Tayassuidae, Hippopotamidae и Camelidae, и двете горни и долни песјаци се добро развиени. Речиси секогаш постои простор или дијастема на долната вилица, меѓу песјакот и првиот преткатник. Забната формула е најразлична: (I0–3/3, C0–1/1, P2–4/2–4, M3/3) × 2 = 30–44.

Дефинирачката одлика на парнокопитните е бројот на прсти и градбата на нивната надпетна коска (astragalus). Речиси сите поседуваат помалку прсти од нивниот предок, кој имал пет. Освен за два вида од Tayassuidae (пекарот и тајасуто), за кои нема согласност за бројот на прсти на задните стапала, сите останати парнокопитни имаат изедначен (парен) број на функционални прсти (обично два или четири) на секое стапало. Првиот прст од вкупно петте кои се среќаваат кај првичниот мамалиски план на градба е изгубен кај парнокопитините со текот на еволуцијата. Поради ова, линијата на симетрија на стапалото минува меѓу средните два прста (третиот и четвртиот), создавајќи т.н. параксона нога, каде тежината на телото паѓа на овие два централни елементи. Кај парнокопитните со два главни прста, вториот и петтиот прст се или редуцирани, вестигијални, или отсуствуваат. Кога се присутни, тие се нарекуваат странични канџи. При видовите со четири функционални (тежиноносечки) прсти, истите образуваат раздалечено стапало. Притоа обично отсуствуваат канџи, но ноктите на крајот од четирите прсти се често издолжени. Повеќето парнокопитни исто така имаат издолжени метаподии кои, освен кај свињите, се споени во единечна функционирачка единица.

Еволутивни врски

уреди
 
Јаванско еленче, Tragulus javanicus. Еленчињата се најмали парнокопитни.

Како и повеќето мамалиски групи, парнокопитните најпрво се појавиле за време на раниот еоцен (пред околу 54 милиони години). По својот облик, тие многу личеле на денешните еленчиња: мали, кратконоги животни кои јаделе листови и меки делови од растенијата. Во доцниот еоцен (пред 46 милиони години) се развиле трите денешни подредови: Suina (група на свињите); Tylopoda (група на камили); и Ruminantia (група на козите и домашната стока). Како и да е, парнокопитните не биле толку успешни во таа епоха за разлика од непарнокопитните. Парнокопитните ги задржале улогите во својата еколошка ниша, обично зафаќајќи маргинални станишта, и се претпоставува дека во овој период тие ги развиле нивните сложени дигестивни системи, кои им дозволиле да преживеат со храна од понизок ранг.

Појавата на семејството на тревите (Poaceae) во еоценот и нивното подоцнежно ширење за време на Миоцен (пред околу 20 милиони години) било голема промена − тревите се многу тешки за јадење, така што парнокопитните со нивните високоспецијализирани дигестивни системи биле подобро прилагодени на исхрана со треви, со што наскоро ги замениле непарнокопитните како доминантни растенојади. Изумрени видови на парнокопитари кои се развиле за време на Миоцен се: Ampelomeryx, Tauromeryx, Triceromeryx и други.

Систематика

уреди
 
Вилорога антилопа, Antilocapra americana.
 
Лосот (Alces alces) е најголемиот вид на елен.
 
Овцобикот или мошусниот бик (Ovibos moschatus) има најголемо крзно од парнокопитните. Прикажан е овцобик во период на митарење.

Следната систематика се води по McKenna and Bell, создадена во 1997,[1] и по објавените постоечки семејства признати по Mammal Species of the World, книга објавена во 2005.[2]

Наводи

уреди
  1. McKenna, M. C. & Bell, S. K. (1997). Classification of Mammals Above the Species Level. New York: Columbia University Press. ISBN 0-231-11013-8.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. Wilson, D. E. & Reeder, D. M., уред. (2005). Mammal Species of the World (3. изд.). Johns Hopkins University Press. стр. 111–184. ISBN 0-801-88221-4.CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link)