Пари или живот е хумористичка телевизиска серија од 2008 година. Снимена е во продукцијата MM Production Архивирано на 17 јануари 2010 г.-a и Радио телевизија Пинк.

Пари или живот
Жанрдрама
комедија
Создадена одРТВ Пинк & MM production
Напишана одДаница Пајовиќ
Режирана одМилан Караџиќ
УлогиАндрија Милошевиќ
Милутин Мима Караџиќ
Дубравка Мијатовиќ
Љубомир Бандовиќ
Тања Петровиќ
Ерол Кадиќ
Данина Јефтиќ
Иван Зекиќ
Земја на потекло Србија
Првичен јазиксрпски
Бр. на сезони3
Бр. на епизоди33
Производство
Времетраење50 минути
Прикажување
Првично прикажување29 ноември 2008

Серија ги следи напорите на неафирмираниот музичар Џони кои сака да стане славен. Џони е убеден дека својата цел може да ја достигне само со помошта на Мики, стар пријател на татко му кои уште пред 20 години се повлекол од шоу бизнисот и живее во периферијата на Белградкако ситен трговец. Така еден ден Џони се појавува на вратата на Мики и набрзо му го задржува целиот живот.

Серијата има 33 епизоди кои премиерно се емитувани на РТВ Пинк во 2008/2009г., а во Македонија премиерно се емитува на ТВ Сител секоја сабота и недела од 17.45 часот.

Врз основа на серијата, е снимен и истоимениот дводелен ТВ филм чија телевизиска премиера се очекува на почетокот 2010 година.

Извршен продуцент е Милутин Мима Караџиќ, оригиналната музика е компонирана од Александар Саша Локнер. Сценариста е Даница Пајовиќ, а режисер е Милан Караџиќ.

Улоги уреди

Глумец/Глумица Улога
Андрија Милошевиќ Џони Поповиќ
Милутин Караџиќ Мирко Радовиќ - Мики
Дубравка Мијатовиќ Вишња
Љубомир Бандовиќ Предраг Маруновиќ - Марун
Тања Петровиќ Сунчица
Ерол Кадиќ Часлав
Данина Јефтиќ Маја
Иван Зекиќ Гаги
Катарина Димитријевиќ Ксенија Радовиќ
Виктор Савиќ Влада
Милан Калиниќ Славен Денчиќ
Весна Паштровиќ Тамара Бигевиќ алиас Ирина
Зенаида Дедакин Шефица Зденка
Ивана Јовановиќ Марија
Павле Јериниќ Јован
Александар Радојичиќ Небојша Дидиќ
Катарина Илиќ Олга
Ана Николиќ певачица Санела
Андријана Тасиќ Дијана
Драгана Милошевиќ Емина Хаџихафизбеговиќ
Владан Дујовиќ Богдан
Марко Долаш Тони

Надворешни врски уреди