Панта Марина
Панта Марина (роден на 1910 година во Косовска Митровица - починал на 1993 година во Скопје) — југословенски и македонски правник, универзитетски професор и судија.[1]
Панта Марина | ||
Роден | 1910 Косовска Митровица, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 1993 Скопје, Македонија | |
Занимање | правник судија |
Животопис
уредиОсновно училиште завршил во родното место, а гимназија во Скопје (1929). Дипломирал на Правниот факултет во Белград во 1934 година, каде докторската теза „Редовните правни лекови во кривичната постапка во ФНРЈ“ (1958). од септември 1944 до 1945 година бил судија - истражител на Воениот суд при Командата на Град Скопје, вршејќи во исто време и функција на обвинител при истиот суд, a од јули 1945 до крајот на 1946 година бил претседател на Околискиот суд во Скопје. Следната 1947 година, бил претседател на Окружниот суд во Скопје, на која функција останал до 1949 година, кога бил избран за претседател на Врховниот суд на Македонија[2].
Избран за предавач по предметот кривична постапка на Правно-економскиот факултет во Скопје (1953), за доцент (1954), за редовен професор на Правниот факултет во Скопје (1962). Бил претседател на Врховниот суд на Македонија (1949 и 1967 г.) и сојузен јавен обвинител (1967–1974). Автор е на поголем број научни трудови и учебници од областа на кривичната постапка.
Како член на Судскиот совет на Окружниот народен суд во Скопје, заедно со Лазар Мојсов и Коле Чашуле, бил претседател во делото против Методија Андонов - Ченто.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Марина“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 916. Text "series " ignored (help)
- ↑ „ПАНТА МАРИНА“. Музеј на македонската борба. mmb.org.mk/. Архивирано од изворникот на 2019-08-16. Посетено на 2020-08-18.