Пандо Војнов

(Пренасочено од Пандо Вајнов)

Пандо Војнов или Пандо Вајна — претседател на организацијата на „Илинден“ и воден командир во грчката народноослободителна армија (ЕЛАС) за време на НОБ.

Војнов е роден во Леринското, патријаршиско село Сребрено во семејството на гркоманскиот андартски капетан Григор Војнов на 2 мај 1924 година. Завршил офицерска школа при генералниот штаб на ЕЛАС. За време на Граѓанската војна бил командир на чета, одред, баталјон, бригада и дивизија. По капитулацијата на Демократската армија на Грција (ДАГ) станал претседател на организацијата „Илинден“, создадена од Комунистичката партија на Грција (КПГ) во источноевропските земји и член на централниот комитет на КПГ.[1] Имал чин на потполковник (1948 година), како ѝ чин на полковник (1949 година) на ДАГ.[2] Бил член на Главниот одбор на НОФ (јануари, 1948 година) по Резолуцијата на Информбирото и на ЦК КПГ и претседател на организацијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија - „Илинден“. Тој е еден од приврзаниците на политиката на КПГ во однос на македонското национално прашање.[3]

Дипломирал на Воената академија Фрунзе во СССР. Во Бугарија се преселил околу 1958 година и служел во БНА. Предавач на Воената академија Георги Раковски во Софија, генерал-мајор од БНА, доктор на воените науки, вонреден професор. Добитник е на Орденот на Народна Република Бугарија I степен. Од 1978 до 1983 година бил раководител на Катедрата за општа тактика, а подоцна декан на Факултетот за општи трупи, а потоа и заменик началник на Академијата во Софија. Генерал-мајор Пандо Војнов починал во Софија на 12 јуни 2008 година.

Наводи уреди

  1. Егејска Македонија во НОБ - 1949. VI. Скопје: Архив на Македонија. 1983. стр. 482. |access-date= бара |url= (help)
  2. „ВАЈНОВ, Пандо Глигоров - Македонска Енциклопедија“. 2021-10-23. Архивирано од изворникот на 2021-11-18. Посетено на 2021-11-18.
  3. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име :0.

Литература уреди

  • Ташко Мамуровски, Светли ликови од Егејска Македонија (1945–1949), НИО „Студентски збор”, Скопје, 1987, 240-243.