Палатинуш (езеро)
Палатинуш (унгарски: Palatinus-tó) — езеро во Унгарија во жупанијата Комаром-Естергом, покрај градот Естергом.
Палатинуш Езеро Palatinus-to | |
---|---|
Подрачје | Естергом |
Координати | 47°43′41″N 18°44′26″E / 47.72806° СГШ; 18.74056° ИГД |
Сливни земји | Унгарија |
Површина | 0,32 км2 |
Најг. длабочина | 12 м |
Локација
уредиОколните жители езерото го викаат Пала, а официјалното име е Шаторкепустаи Езеро (унгарски: Sátorkőpusztai-tó). Тоа е најголемо езеро на Естергом и се наоѓа покрај градот Дорог, на една од падините на Пилиш Планина.
Езерото е едно од најчистите во Унгарија, со вода се снабдува од своите длабински извори, а вишокот заминува преку канал кој го спојува со потокот Кењермезеи.
Историја
уредиЕзерото е вештачко. Настанало во педесеттите години на минатиот век со ископување песок за потребите на околните рудници. Својата чистота му ја должи на песокот кој станал природен филтер.
Веќе во 1953 година било основано здружение на риболовци, кое водело грижа за порибување на езерото.
Северната страна на езерото, со уредени плажи, служи за капење, додека јужната страна ја користат риболовците.
Просечната температура на езерото во лето е 19 °C.