Павле (српски патријарх)

Патријарх Павле, роден како Гојко Стојчевиќпатријарх на Српската православна црква во периодот од 1990 до 2009 година.

Патријарх Павле
ЦркваСрпска Православна црква
СедиштеБелград
Ракоположен1 декември 1990
Службата завршила15 ноември 2009
ПретходникПатријарх Герман
НаследникПатријарх Иринеј
Лични податоци
Световно имеГојко Стојчевиќ
Роден11 септември 1914(1914-09-11)
Кучанци, Австроунгарија
Починал15 ноември 2009(2009-11-15) (возр. 95)
Белград, Србија
ПочивалиштеМанастир Раковица

Животопис уреди

Патријархот Павле е роден на 11 септември 1914 година во селото Кучанци кај Долни Михољац во Славонија. Богословски факултет завршил во Белград. Две години студирал медицина во Белград. Во 1957 година станал архимандрит, а од 1955 година две години бил на постдипломски студии во Атина. Во 1957 година бил устоличен во Призрен од епископот Герман и захумско-херцеговскиот Владислав. На Косово поминал 33 години[1].

На вонредното заседание на Светиот архијерејски сабор на 1 декември 1990 година, со кој претседавал загрепско-љубљанскиот митрополит Јован Павловиќ, заменик на тогаш болниот патријарх Герман, се избирал нов патријарх меѓу тројцата кандидати со тајно гласање. Бидејќи ниту еден од кандидатите не добил доволен број гласови, изборот бил направен со ждрепка на т.н. „апостолски начин“, односно архимандритот троношки Антоние го извлекол името на идниот патријарх. Така Павле станал 44-поглавар на СПЦ[2]. Тој бил устоличен на 2 декември 1990 година.

Наводи уреди

  1. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=206C05689BA80B41B765909EE03117F9 Архивирано на 20 ноември 2009 г. Утрински весник: Почина српскиот патријарх Павле
  2. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=116302 А1 Телевизија: Почина српскиот Патријарх Павле