Павле Ќулафковски

Павле Ќулафковски (1865-1940) бил член на Македонското научно-литературно друштво во Санкт Петербург.

Животопис уреди

Роден е во јули 1865 година во Папрадиште. Уште млад работи како градежник во Воден (1892-1893) и во VI сектор на Отоманската железница во Битола (1894-1896), како мајстор-градежник на пристаништето во Констанца, Романија (1897-1898), работоводител на изградбата на мостот „Троицки“ во Санкт Петербург, Русија (1898-1899), а исто така во Брисел, Белгија (1900) во Белгиски Конго (Заир) (1900-1902). Доаѓа во руската престолнина и ја потпишува молбата на Македонското научно литературно друштво до Советот на Санкт-петербуршкото словенско благотворно друштво за потврдување на Уставот (20 декември 1903), а потоа го однесува букварот на Другарството на македонски јазик за печатење во Њујорк (1904).

Работи во Сан Франциско (1907), а потоа се враќа во Термалито во Калифорнија (1908). Во времето на Балканската војна (1912) си доаѓа привремено во Македонија и со Димитрија Чуповски учествува во Општомакедонската конференција во Велес, но одново оди во САД (Алјаска) и вонредно студира на Техничкиот колеџ во Чикаго (1920). Се враќа во Македонија како американски пензионер во родното село. Подоцна, на пат од Велес за Папрадиште, е најден убиен.