Павел Плоц (чешки: Pavel Ploc); (роден во Јилемњице, на 15 јуни 1964) — поранешен чехословачки и чешки скијачки скокач, денешен чешки политичар. Тој има освоено два олимписки медали.

Павел Плоц

Кариера

уреди

Павел Плоц е роден во спортско семејство. Неговиот татко, исто така именуван Павел, ја претставувал Чехословачка во биатлон на Зимските олимписки игри во 1968 година во Гренобл и 1972 година во Сапоро.

Плоц започнал со скијачки скокови на возраст од 6 години, а на 17-годишна возраст го направил своето деби во сезоната на Светскиот куп 1981/82. На 2 март 1982 година во Тауплиц го освоил 12-то место, а на 18 март 1983 година тој освоил сребрен медал на Светското првенство во скијање во Харахов.[1] . Покрај освојувањето на сребрениот медал, Плоц со четвртиот скок од 181 метар, поставил нов светски рекорд.[2] Два месеци порано, тој ја остварил својата прва победа во Светскиот куп на истото место.

Тој освоил бронзен медал на Олимписките игри во Сараево на голема и сребрен медал во Калгари на мала скокалница. На светските првенства имал две бронзени медали, во Енгелберг во 1984 и Лахти во 1989 година. Ова е додадено на бронзениот медал во Светското првенство во летови во 1985 година на леталницата во Планица.

Тој ја завршил кариерата на 15 декември 1991 година во Сапоро. Ова било под влијание на фактот дека тој не можел да се прилагоди на тогашниот нов стил на скокање во стил на V.

Од 1996 до 2002 година, тој бил член на градскиот совет на Харах. Тој не успеал да се влезе во Чешкиот парламент во 2002 година, но 4 години подоцна успеал и станал пратеник во Долниот дом како кандидат на Чешката социјалдемократска партија (ЧССД).

Светски куп

уреди
  • 2. во генерален пласман во 1988 година.
  • 3. во генералниот пласман во 1984 година.
  • 10 победи.

Наводи

уреди
  1. Egon Theiner, Enzyklopädie des Skispringens, стр. 385.
  2. „Биографија на Павел Плоц на sports-reference“. Архивирано од изворникот на 2011-03-14. Посетено на 2019-09-22.

Надворешни врски

уреди