ПЗУ „Филип Втори“
ПЗУ „Филип Втори“ е единствената специјализирана болница по кардиохирургија во Македонија која е основана на 1 март 2000 година. Основач, сопственик и менаџер е Академик д-р Жан Митрев.
![]() | |
Тип | Приватна здравствена организација |
---|---|
Oснована | 1 март 2000 |
Седиште | ![]() |
Клучни личности | Академик д-р. Жан Митрев[1] (директор и сопственик) |
Дејност | Здравство |
Вработени | > 200 |
Портал | cardiosurgery.com.mk |
ПочетоциУреди
Првиот опериран пациент во ПЗУ Филип Втори е кочанчанецот Коста Шапков, кој бил опериран на 1 март 2000 година, при што му бил вграден трократен бај пас на операција што траела цели 4 часа.
ПЗУ „Филип Втори“ е сместена во зградата на Воената болница во Скопје.
ОдделиУреди
Кардиохирушкиот центар има оддели и тоа:
- Ургентно Дијагностички центар
- Дијагностички Центар
- Одделение за трансфузија
- Одделение за биохемиски испитувања
- Одделение за микробиолошки испитувања
- Рентгенска дијагностика
- Кардиологија
- Одделение за кардиологија
- Одделение за психологија
- Кардиохирургија
- Операциона сала
- Анестезија
- Стерилизација
- Кардиотехника
- Одделение за интезивна нега
- Физиотерапија
- Оддел за одржување на хигиена
- Оддел за техничко одржување
- ИТ служба
- Техничка служба
- Набавка и логистика
- Фармацевтско одделение
- Фила фарм
НаводиУреди
Надворешни врскиУреди
- Официјално мрежно место Архивирано на 25 јули 2013 г.