Ото Хаксел (2 април 1909, во Ној-Улм – 26 февруари 1998 година, во Хајделберг) бил германски јадрен физичар. За време на Втората светска војна, тој работел на германскиот проект за јадрена енергија. По војната, тој бил вработен во Институтот за физика Макс Планк во Гетинген. Од 1950 до 1974 година, тој бил професор по физика на Универзитетот во Хајделберг, каде што го негувал користењето на јадрената физика во физиката во животната средина; ова довело до основање на Институтот за физика на животната средина во 1975 година. Во текот на 1956 и 1957 година, тој бил член на Работната група за јадрена физика на германската комисија за атомска енергија. Од 1970 до 1975 година, тој бил научен и технички директор на истражувачкиот центар во Карлсруе.

Ото Хаксел

Образование уреди

Од 1927 до 1933 година, Хаксел студирал на Техничкото високо училиште во Минхен (денес, Техничкиот универзитет во Минхен ) и Универзитетот Еберхард-Карлс во Тибинген . Докторирал во 1933 година. Од 1933 до 1936 година, Хаксел му бил асистент за настава на професорот Гејгер.[1]

Наводи уреди

  1. Hentschel and Hentschel, 1996, Appendix F; see the entry for Haxel.