Отоманско-полска војна (1666–1671)

Полско–козачко-татарската војна (1666—1671) претставува воен конфликт меѓу Полско-литванската Државна Заедница и Османлиското Царство во Украина.

Полско–козачко-татарската војна
Дел од Отоманско-полски војни
Полско-украински војни
Датум 1666–1671
Место Украина
Исход Отоманско-полска војна (1672–1676)
Завојувани страни
Полско-литванска Државна Заедница Запорошка република
Кримско ханство

Во 1666 година, Петро Дорошенко, кој бил хетман на Деснобреговна Украина, обидувајќи се да ја стави Украина под своја контрола потпишал договор со османлискиот султан Мехммед IV според кој Запорошката козачка република станала вазалство на Османлиите. Во тоа време силите на Полско-литванската Државна Заедница се обидувале да ја заземат контролата над Украина но биле зафатени со војните со Шведска и Турција. Поради ова, Татарите кои редовно навлегувале на нејзина територија вршејќи грабежи, започнале напад во сојуз со Козаците на чело со хетман Дорошенко. Но тие биле сопрени од полските сили на чело со Јан III Собиески каде по Битката кај Подгајце бил потпишан договор. Во март 1699 година Дорошенко побарал помош од османлискиот султан и според договорот Мехмед IV ветил воена помош на Дорошенко.

Но во 1670 година Дорошенко се обидел да завладее со Украина, и следната 1671 година кримскиот хан Адил Герај, кој бил на страната на комонвелтот, по директива на османлискиот двор бил сменет а за нов хан бил избран Селим I Герај. Така конфликтот ескалирал во војна а Османлиите започнале со подготовка за испраќање и на свои сили. Јан Собиески успеал да им нанесе пораз на своите непријатели, а по ова започнало востание во Крим па Татарите немале сили да војуваат на два фронта. Војната завршила со обврска на кримските татари дека нема да навлегуваат на краинска територија.

Наводи уреди

  • Mała Encyklopedia Wojskowa, 1967, Wydanie I
  • Paweł Jasienica "Rzeczpospolita Obojga Narodów – Calamitatis Regnum", ISBN 83-06-01093-0
  • Leszek Podhoretz, "Chanat Krymski i jego stosunki z Polską w XV-XVIIIw.", Warszawa 1987, ISBN 83-05-11618-2
  • Leszek Podhorodecki, "Wazowie w Polsce", Warszawa 1985, ISBN 83-205-3639-1