Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 1988

список на статии на Викимедија

Во списокот на освојувачи на медали по земји на Зимските олимписки игри 1988 се наведени сите земји-учеснички на игрите кои освоиле медали. Најуспешна нација на игрите била репрезентацијата на Советскиот Сојуз, која освоила 11 златни од вкупно 29 медали.

Италијанскиот алпски скијач Алберто Томба ги освои двата златни медали на неговата земја во своето прво учество на Олимпијадата.

Список по земјиУреди

Списокот е направен според информациите добиени од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и е во склад со прописите утврдени од страна на МОК за составување на ваквите списоци. Според прописите, земјите во списокот се претставени со нивните национални олимписки комитети, а се подредени по бројот на освоени златни медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат еднаков број на освоени златни медали, подредувањето продолжува по освоените сребрени, па по освоените бронзени медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат освоено ист број на златни, сребрени и бронзени медали, тогаш тие заземаат исто место во списокот и се прикажани според редоследот на првата буква во абецедата.

Место Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1   СССР (1988) 11 9 9 29
2   Источна Германија (1988) 9 10 6 25
3   Швајцарија (1988) 5 5 5 15
4   Финска (1988) 4 1 2 7
5   Шведска (1988) 4 0 2 6
6   Австрија (1988) 3 5 2 10
7   Холандија (1988) 3 2 2 7
8   Западна Германија (1988) 2 4 2 8
9   САД (1988) 2 1 3 6
10   Италија (1988) 2 1 2 5
11   Франција (1988) 1 0 1 2
12   Норвешка (1988) 0 3 2 5
13   Канада (1988) 0 2 3 5
14   Југославија (1988) 0 2 1 3
15   Чехословачка (1988) 0 1 2 3
16   Јапонија (1988) 0 0 1 1
16   Лихтенштајн (1988) 0 0 1 1
Вкупно 46 46 46 138

ПоврзаноУреди

Надворешни врскиУреди