Струмски Залив

залив во Егејска Македонија
(Пренасочено од Орфански Залив)

Струмскиот Залив (грчки: Στρυμονικός Κόλπος) или Орфански Залив (Κόλπος Ορφανού) — залив во Егејска Македонија, во северниот дел на Егејското Море (наречен Тракиско Море). Сместен е источно од полуостровот Халкидик и јужно од Серскиот Округ.

Струмски Залив
Στρυμονικός κόλπος
Поглед на заливот од Аспровалта
Карта
Струмскиот Залив на карта
ПодрачјеЕгејска Македонија
Координати40°42′N 23°50′E / 40.7° СГШ; 23.83° ИГД / 40.7; 23.83
Дел одЕгејско Море
Главни приливир. Струма
Сливни земјиГрција
Најг. длабочина95 м

Наречен е по реката Струма што се влева во него. Другиот назив го носи по селото Орфан во Кавалскиот Округ.

Познајачни населени места крај Струмскиот Залив се Аспровалта, Лонкари, Бешик, Ставрос, Орфан, Враста, Олимпијада, Крушево.

Природна граница на заливот образуваа три планини: Кушница (Пангео) на североисток, Богданска Планина (Кедрилио) на север и Пијавица (Стратони) на југ.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди