Хортач (село)

село во Солунско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Ортач (село))

Хортач или Ортач (грчки: Χορτιάτης, Хортијатис) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Капуџилар-Хортач на Солунскиот округ во областа Централна Македонија.

Хортач
Χορτιάτης
Црквата „Св. Ѓорѓи“ од 1837 г.
Црквата „Св. Ѓорѓи“ од 1837 г.
Хортач is located in Грција
Хортач
Хортач
Местоположба во областа
Хортач во рамките на Капуџилар-Хортач
Хортач
Местоположба на Хортач во Солунскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°36.30′N 23°6.10′E / 40.60500° СГШ; 23.10167° ИГД / 40.60500; 23.10167
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски
ОпштинаКапуџилар-Хортач
Општ. единицаХортач
Надм. вис.&10000000000000600000000600 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно5.495
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија уреди

Селото се наоѓа на истоимената планина Хортач, на 10 км источно над Солун.

Историја уреди

Антика и средновековие уреди

 
Црквата „Св. Преображение“, XI век

На влезот во селото стои римски аквадукт од I век, единствениот од овој вид зачуван во Централна Македонија.[2]

На 2 км североиsточно оd Хортач се наоѓа средновековната тврдина Кастри. Јужно од селото е Хортачката тврдина, сместена на врвот Хортач.[3]

Името Хортијатис се појавува за планината за првпат во XI век. На планината имало неколку манастира, од кои најважен бил Хортачкиoт манастир „Пресв. Богородица“.[3][4]

Хортијатис се спомнува во преписките на солунскиот богослов и државник Димитaр Кидон, кој го спомнува нападот на тоа место во 1383 г. Тој раскажува за настанот кога Турците под команда на Хајредин-паша го опсадиле Солун, вознемирени од политиката на градскиот управник Мануил Палеолог. Не е јасно дали станува збор за селото или поопшто за поширокиот регион на планината, или пак за тврдината на врвот Кастри.[3]

Во XV век има едно попатно спомнување на Хортијатис. Според житието на Стефан Лазаревиќ, за време на граѓанската војна меѓу наследниците на султанот Бајазит I, Муса, соперник и брат на Сулејман, обидувајќи се да завладее со Солун во периодот од 1411 до 1413 г. го срушил град Хортијатис. Словенскиот поим град укажува на утврдено подрачје или утврден град. Можно е Кастри да е тврдината на градот Хортијатис, наречен „град“ во тоа време.[3]

Во Отоманското Царство уреди

Селото е основано около XV век околу урнатините на Хортачкиот манастир,[4] на подрачјето на денешното училиште.[3] Во XIX век Хортач веќе било грчко село на самата северна јазична граница. Црквата „Св. Ѓорѓи“ е од 1837 година.[4] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Хортич (Hortitch) е село со 195 домаќинства сочинети од 825 жители Грци.[5]

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. во Ортач живееле 1.600 Грци.[6] По данни на секретаря на екзархията Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) в 1905 година в Ортадж (Ortadj) има 1090 гърци и в селото работи грчко училиште.[7]

Според извештај на Димитриос Сарос од 1906 г. Хортијатис (Χορτιάτης) било „гркојазично“ село во Солунската митрополија со 2.306 жители со грчка национална свест. Во селото работеле грчка шестолетка и грчка детска градинка со 365 ученици и 4 учители.[8]

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Хортач (Хортач-кеј) се состоел од 200 грчки куќи.[9]

Во Грција уреди

 
Споменик на Хортачкиот масакр

По Балканските војни во 1913 г. Хортач е припоен кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 1.696 жители, а во 1920 г. е попишан 1.721 жител.[10]

На 2 септември 1944 г. германски војници и грчки соработници убиле 149 жители на селото во тананаречениот Хортачки масакр.

Население уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.799 1.483 1.352 1.155 1.186 1.901 2.946 4.873
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости уреди

Верски објекти
Други старини

Личности уреди

  • Ангелос Киспудис (Άγγελος Κισπούδης) — андартски деец, агент од III ред[11]
  • Георгиос Алексопулос (Γεώργιος Αλεξόπουλος) — андартски деец
  • Димитриос Кафандарис (Δημήτριος Καφαντάρης) — андартски деец, агент од III ред[11]
  • Сотириос Панилас (Σωτήριος Πανίλας) — андартски деец, информатор и курир[11]

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Ρωμαϊκό Υδραγωγείο του Χορτιάτη“. Τα Πέτρινα Γεφύρια. Посетено на 21 август 2018.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 „Καστρί Χορτιάτη“. Ελληνικά Κάστρα. Посетено на 30 јануари 2024.
  4. 4,0 4,1 4,2 „Ι.Ν.Αγ.Γεωργίου Χορτιάτη“. Ιερά Μητρόπολη Νεαπόλεως και Σταυρουπόλεως. Архивирано од изворникот на 22 мај 2014. Посетено на 22 мај 2014.
  5. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 152–153. ISBN 954-8187-21-3. no-break space character во |pages= во положба 4 (help)
  6. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 142. ISBN 954430424X.
  7. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 220–221.
  8. Παπαδόπουλος, Στ. Ι (1975). „Η κατάσταση της παιδείας το 1906 στην ύπαιθρο του Κάζα Θεσσαλονίκης: (Μια ανέκδοτη έκθεση του Δημητρίου Μ. Σάρρου)“ (PDF). Μακεδονικά (грчки). Θεσσαλονίκη: Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών. XV (8): 136–137. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)
  9. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 38.
  10. Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 346. ISBN 9989-9819-6-5.
  11. 11,0 11,1 11,2 Μιχαηλίδης, Ιάκωβος Δ., Κωνσταντίνος Σ. Παπανικολάου (2008). Αφανείς γηγενείς μακεδονομάχοι (1903-1913) (PDF). Θεσσαλονίκη: University Studio Press. стр. 63. ISBN 978-960-12-1724-6.

Надворешни врски уреди