Орикс антилопа

вид на цицач

Орикс антилопа (латински: Oryx gazella) е голема антилопа со различна боја, а живее во суви тревни полиња, грмушки и во вистинските пустини во Африка. Таа е прилагодена за заштеда на вода: не дише и не се поти додека температурата на телото не надмине 45°C; бубрезите произведуваат висока концентрација урина, а изметот е многу сув. Најраспространета е во југозападна Африка.

Орикс антилопа

ИсхранаУреди

Главниот дел од исхрана на антилопите орикс се состои од треви и ниски грмушки, како и диви краставици, дињи и слично, растенија со голема количина на вода. Како и многу други пустински видови, се храни во текот на целата година опортунистички (со целата достапна храна).

Орикс може да издржи без вода и до еден месец. Потреба му е храна што е полна со минерали.

ОрганизацијаУреди

Номадското стадo брои до 25 животни, кои се состојат од женски, младенчиња и неколку мажјаци .

Бременост и младенчињаУреди

Женките орикс раѓаат младенчиња еднаш годишно, во пролет.

По 260 до 300 дена, женката раѓа едно младенче (ретко две), кое 6 недели останува скриено во близина на стадото, а мајката повремено доаѓа да го дои.

Борба за опстанокУреди

Во топли области, антилопите орикс преживуваат така што пасат во текот на постудениот дел од денот, претежно во самрак или во текот на ноќта. Нивнате специјални бели влакна ги одбиваат сончевите зраци и топлината дури и до 60 степени целзиусови. Од 10 до 14 часот или 15 часот се собираат во сенка. За многу видови антилопи, присуството на толку многу животни во мала област би предизвикало доминација или парови . Меѓутоа, за преживување во суровото живеалиште, тоа не се случува кај антилопите орикс.

ЗагрозувањеУреди

Поради нивните големи рогови, орикс антилопите биле популарни во 20 век. Немилосрдните ловци во Саудиска Арабија убиваle сè повеќе Орикс, на крајот ги довеле до работ на загрозување. Во Арабија биле изброени 65 , од кои само 4 се женки. Тогаш започнала операцијата Орикс во Азија и Јужна Америка. Состојбата на популацијата на орикс била алармантна и ова ги загрижило зоолозите. Во пустинската област каде што живеле Ориксите, ловците биле поставени во широк круг. Тоа требало да го реши проблемот со ловокрадците, но не успеало. Голема група ловокрадци успеале незабележано да го пробијат заштитниот круг, а популацијата на орикс повторно се намалила. Тогаш зоолозите сфатиле дека мора да ги преместат орексите во помали резерви, каде би имале поголема заштита. Сè изгледало совршено; тие имале сигурно место за живеење, без природни непријатели и многу храна и сенка. Но, проблемот бил во тоа што ориксите не јаделе растенија со голема количина минерали, што им беа потребни. Луѓето во резерватот не можеле да им го овозможат тоа. Наскоро, популацијата на орикс се зголемила и тие биле вратени во нивните природни живеалишта. Во тоа време имало повеќе од 300, но тие сепак оделе во одделни стада (10-25 члена) каде можеле да се опуштат во сенка и во мир. Ориксите сè уште се на списокот со загрозени видови, бидејќи секогаш постои опасност повторно да се намалат нивните броеви. Но, засега, тие се безбедни.

ИзвориУреди

ЛитератураУреди

  • Животни: Книга за млади во Белград; уредник: Јелка Јовановиќ; тираж од 7.000 примероци; Белград 2007 година
  • Политикин Забавник : Ослободете 1.5.2010 година. година. (бр.3037)