Орден на Белиот Орел
Орден на Белиот Орел е најстарото и највисокото државно одликување на Република Полска доделувано за истакнати граѓански и воени заслуги во корист на Република Полска, во мир или за време на војна. Орденот не е поделен на степени. Се доделува на најистакнатите Полјаци и највисоко рангирани претставници на странски земји.
Орденот на Белиот Орел се носи на сина лента префрлена преку левото рамо на десната страна. Ѕвездата на Орденот на Белиот Орел, се носи на левата страна на градите.
Историја
уредиПериод 1705–1795 година
уредиОрденот на Белиот Орел бил воведен од кралот Август II на 1 ноември 1705 година[1][2] во замокот во Тикоцин на реката Нарев. За време на Првата Полска Република, доделуван бил главно на магнати кои го поддржувале кралот за време на слободните избори. Во времето на Август III, орденот изгубил дел од својот углед бидејќи министерот Хенрик Брул масовно го раздавал. За време на владеењето на Станислав Август Поњатовски, Орденот бил доделуван по наредба на царицата Катерина II [2]. Неговото престанување е поврзано со Третата поделба на Полска.
Период 1807–1917 година
уредиПовторно е воведен во 1807 година како највисоко одликување на Војводството Варшава[3], а подоцна и на Конгресното Кралство Полска[4]. По падот на Ноемвриското востание во 1831 година, заедно со Орденот на Свети Станислав и Воениот Орден, биле укинати по наредба на царот. На негово место бил воведен Царскиот и Кралскиот Орден на Белиот Орел[5]. Овој орден го доделувале руските цареви во периодот 1831–1917 година (до Февруарската револуција и падот на царот во март 1917 година). Воведувањето на одликувањето на Руската империја, преземајќи елементи Кралството на Полска, било репресија по Ноемвриското востание, кога, спротивно на Виенскиот договор, царот го признал Кралството Полска како освоена територија, а не посебна држава, поврзана со личен сојуз со Русија. Поради оваа причина, орденот во овој период не се смета како продолжение на полскиот орден на витештвото.
Период 1921–1939 година
уредиНа 4 февруари 1921 година бил обновен, од страна на парламентот на Република Полска, како највисоко државно одликување[6]. Тогаш добива нов изглед и поинакво мото: За татковината и нацијата. Претседателот на Република Полска, со регулатива од 23 октомври 1924 година, го утврдил статутот на Орденот на Белиот Орел. Во меѓувоениот период, одликувани биле 24 полски државјани и 88 странски државјани (вклучувајќи 33 монарси и претседатели, 10 премиери, 12 членови на владејачки семејства, 15 министри).
Период 1939–1990 година
уредиОд избувнувањето на Втората светска војна, орденот се доделувал ретко и само од страна на Полската Влада во прогон. Освен претседателите на Република Полска, кои по службена должност го добиваат, со орден биле одликувани и 6 Полјаци, меѓу кои: Тадеуш Томашевски, Евстахи Сапиеха и Михал Токаржевски-Карасшевич и 4 странци, меѓу кои кардиналот Карло Киарло. Во уредбата на Полскиот комитет за национално ослободување од 22 декември 1944 година за Ордени, одликувања и медали, се наведува Орденот на Белиот Орел, како едно од државните одликувања на Президиумот на Националниот совет за национално сеќавање, но тој не бил никогаш доделен (иако во еден момент се разгледувала можност на негово доделување на водачот на СССР, Јосиф Сталин[7]).
Подоцна оваа уредба била укината од страна на Полската Народна Република според Законот Ордени и одликувања од 17 февруари 1960 година, кој во согласност со нејзиниот чл. 29 ги укинува претходните одредби, вклучувајќи го и Законот од 4 февруари 1921 година за воведување на Орден на Белиот Орел. Како највисокото државно одликување бил заменет со Орденот на градители на Народна Полска, основан во 1949 година[8].
Од 1992 година
уредиНа 23 декември 1992 година Орденот на Белиот Орел повторно бил обновен со Законот за ордени и одликувања од 16 октомври 1992 година (Сл. весник бр. 90, точка 450, изменет). Дизајнот на актуелниот изглед на орденот е дело на Едвард Горол[9].
Орденот во моментов го доделува претседателот на Република Полска.
Првите личности кои го добиле одлукувањето, по неговото враќањето во 1992 година, од претседателот Лех Валенса во 1993 година, биле: папатаЈован Павле II (орденот му бил врацен за време на неговиот аџилак во Полска на 22 мај 1995 година) и шведскиот крал Карл Густаф XVI.
На 20 мај 2008 година, гимназијата бр. 28 во Вроцлав била одликувана со Витешки Орден на Белиот Орел.
На 12 септември 2018 година, претседателот Анджеј Дуда на свеченото отварање на салата на Орденот на Белиот Орел во Претседателската палата во Варшава [10] ги објавил имињата на 25 лица кои постхумно биле одликувани со Орденот на Белиот Орел. На 11 ноември 2018 година, на стогодишнината од враќањето на независноста на Полска, официјално биле биле врачени овие ордени[11].
Опис на изгледот на орденот
уредиПрвично имал форма на овален црвен медал со светло сина лента и мото Pro Fide, Rege et Lege (латински: За верба, кралот и законот). Полскиот крал имал привилегија да носи одликување на орденот, кој бил крст обложен со скапоцени камења, прикачен на ланец на Орденот на Белиот Орел. Монарсите од династијата Ветин, Август II Силниот и неговиот син Август III Саксон, исто така имаале и цел сет на одликувања наречени Орденова униформа. Во 1709 година, орденот за сите витези, добил форма на малтешки крст. До 1713 година се носел околу вратот со дополнителна ѕвезда.
Ланецот на Орденот на Белиот Орел кој датира од владеењето на кралот Станислав Август Поњатовски и орденовиот меч како накит на Република Полска се чуваат во капелата на Кралскиот замок во Варшава.
1921 -1990 година
уредиПо обновата на орденот во 1921 година, неговото мото е сменето во "За татковината и нардот". Новиот изглед на орденот се состои од златен малтешки крст со бели рабови и златни зраци меѓу краците и бел емајлиран и крунисан орел со раширени крилја и главата свртена надесно (хералдички) поставен во центарот на крстот. Орденот еприкачен на мазна, светло сина лента и се префрла преку левото рамо до десната страна.
Ѕвездата пак е осумкратна со прави краци. На неа има златен малтешки крст со црвен емајл и бели рабови, како и златни зраци меѓу краците. Новото мото е испишано на краците на крстот. Монограмот РП (Република Полска) е поставен на бел емајлиран централен диск, опкружен со зелена емајлирана претстава на ловоров венец.
Од 1992 година
уредиСовремениот изглед на Орденот на Белиот Орел е позлатен рамнокрак малтешки крст, со димензии 70 × 70 мм. Краците на крстот се покриени со црвен емајл со бели рабови во позлатена рамка. Меѓу краците на крстот се поставени позлатени зраци. Во центарот на крстот има бел емајлиран орел определен во Законот од 1 август 1919 година за Амблемите и боите на Република Полска, со позлатена круна, клун и канџи. На задната страна, краците на крстот се позлатени со бела емајлирана рамка и испакнат натпис: ЗА ТАТКОВИНАТА И НАРОДОТ. Во центарот на крстот, на тркалезен штит со бел емајл, опкружен со позлатени дабови листови покриени со зелен емајл, има позлатен монограм: РП. Крстот се пркачува на голема сина лента широка 100 мм и се префрла преку левото рамо до десната страна.
Ѕвездата на орденот е исто така позлатена со дијаметар од 80мм и осум зраци. На средината има позлатен крст со димензии 50 × 50мм, но без орел и без топчиња на аглите на краците. Меѓу краците на крстот има златни зраци, а на краците на крстот има позлатен натпис: ЗА ТАТКОВИНАТА И НАРОДОТ. Во центарот на крстот на кружен штит со бел емајл, опкружен со позлатени дабови листови покриени со зелен емајл, има позлатен монограм РП (Република Полска).
Крст на орденот
уреди-
Крст од Орденот на Белиот Орел (според моделот од 1713 година)
-
Крст од Орденот на Белиот Орел од дијамантското одело на Август II Силниот
-
Крст од Орденот на Белиот Орел од рубин оделото на Август II Силниот
-
Слика на Орденот на Белиот Орел на столб во замокот Пилниц
-
Орденот на Белиот Орел од 1780 година
-
Крст и голема лента од орденот на претседателот на Република Полска во прогон Ришард Качоровски
Ѕвезда на орденот
уреди-
Ѕвезда на Орденот на Белиот Орел од дијамантскиот костум на Август II Силниот
-
Ѕвезда на Орденот на Белиот Орел од рубиновото оделото на Август II Силниот
-
Ѕвезда на орденот во 18 век
-
Ѕвезда она Орденот на Белиот Орел на генералот Јозеф Халер
-
Ѕвезда на Орденот на Белиот Орел (модел од 1921 година )
Историјат на одликувањата на Орденот на Белиот Орел од 1992 година
уредиПериод | Старешина на
Орденот на Белиот Орел |
период | број на одликувања | подетално | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
полјаци | странци | лично одликувани | постхумно | |||||||
III Република Полска | Претседател на Република Полска | Лех Валенса | 1990–1995 | 40[12] | 32 | 8 | 27 | 13 | ||
III Република Полска | Претседател на Република Полска | Александар Квашневски | 1995–2005 | 68[12] | 27 | 41 | 61 | 7 | ||
III Република Полска | Претседател на Република Полска | Лех Качињски | 2005–2010 | 29[13] | 22 | 7 | 16 | 13 | ||
III Република Полска | Претседател на Република Полска | Бронислав Коморовски | 2010–2015 | 37[14] | 23 | 14 | 35 | 2 | ||
III Република Полска | Претседател на Република Полска | Анджеј Дуда | од 2015 | 55 | 47 | 6 | 25 | 29 | ||
вкупно | 229 | 152 | 76 | 164 | 64 |
Потврда на македонско-полското пријателство и партнерство
уредиПретседателот Стево Пендаровски на 24 октомври 2022 во Варшава, во рамки на неговата официјална посета на Република Полска, од страна на претседателот Анджеј Дуда, бил одликуван со највисокото полско одликување, Орден на Белиот Орел, како симбол на блиските дипломатски и политички релации меѓу двете држави и претседатели и потврда на македонско-полското пријателство и партнерство[15].
Наводи
уреди- ↑ Męclewska, Marta, уред. (2008). Kawalerowie i statuty Orderu Orła Białego 1705-2008. Warszawa: Arx Regia Ośrodek Wydawniczy Zamku Królewskiego. ISBN 978-83-7022-178-2.
- ↑ Nowak, Małgorzata (2015). „Anna Kozłowska, Od psalmów słowiańskich do rzymskich medytacji. O stylu artystycznym Karola Wojtyły, Warszawa 2013, ss. 358“. Roczniki Humanistyczne. 63 (6): 324–331. doi:10.18290/rh.2015.63.6-18. ISSN 0035-7707.
- ↑ Krzymkowski, Marek (2001-06-30). „Kształtowanie się nowoczesnej magistratury w okresie Księstwa Warszawskiego“. Czasopismo Prawno-Historyczne. 53 (1): 201–212. doi:10.14746/cph.2001.1.10. ISSN 2720-2186.
- ↑ Wichowa, Maria (2020-12-30). „Stanisława Grochowskiego Modlitwa Kazimierza ś[więtego], królewica polskiego, łacińskim rytmem przez tegoż świętego napisana i takimże na polskie przetłumaczona – dzieje i charakterystyka utworu, edycja krytyczna“. Acta Universitatis Lodziensis. Folia Librorum. 2 (31): 87–111. doi:10.18778/0860-7435.31.06. ISSN 2450-1336.
- ↑ Dimitrova, Darina (2008). „Правен статут на областния управител (Legal Status of the District Governor)“. SSRN Electronic Journal. doi:10.2139/ssrn.3324295. ISSN 1556-5068.
- ↑ Dąbrowski, Karol (2021-02-18). „Marek Geszprych (tłum.) Ustawa z dnia 11 lutego 1949 r. o Izbie Rolniczej Kraju Związkowego Nadrenia Północna-Westfalia, Studia Prawnicze KUL 2018, nr 3, s. 143-155“. Studia Prawnicze KUL (1): 433–443. doi:10.31743/sp.10644. ISSN 2719-4264.
- ↑ Jońca, Maciej (2021-06-24). „Krzysztof Szczygielski, Prawa antyczne w piśmiennictwie polskim w latach 1900-1945, Wyd. Temida 2, Białystok 2020, ss. 309“. Zeszyty Prawnicze. 21 (2): 349–353. doi:10.21697/zp.2021.21.2.17. ISSN 2353-8139.
- ↑ Jońca, Maciej (2021-06-24). „Krzysztof Szczygielski, Prawa antyczne w piśmiennictwie polskim w latach 1900-1945, Wyd. Temida 2, Białystok 2020, ss. 309“. Zeszyty Prawnicze. 21 (2): 349–353. doi:10.21697/zp.2021.21.2.17. ISSN 2353-8139.
- ↑ Gorol, Edward (1992). „Odznaczenia“. pgorol-medalierstwo.pl. Посетено на 2015-07-21.
- ↑ „Sala Orderu Orła Białego w Pałacu Prezydenckim“. prezydent.pl. 2018-09-12. Посетено на 2018-09-12.
- ↑ „Wybitni Polacy zostaną uhonorowani Orderem Orła Białego“. prezydent.pl. 2018-09-12. Посетено на 2018-09-12.
- ↑ 12,0 12,1 „Lista osób odznaczonych w latach 1992–2005“ (PDF).
- ↑ „Lista osób odznaczonych przez Lecha Kaczyńskiego“.
- ↑ „Wykaz odznaczonych Orderem Orła Białego przez Prezydenta RP Bronisława Komorowskiego“.
- ↑ „Претседателот Пендаровски во Варшава одликуван со Орден на Белиот Орел, претседателот Дуда со Орден „8 Септември"“. 2022-10-24. Посетено на 2022-10-24.