Орден за заслуги на Република Полска
Орден за заслуги на Република Полска е граѓанско државно одликување на Република Полска. Орденот се доделува на странски и полски државјани, кои живеат во странство, кои со своите активности дале исклучителен придонес во меѓународната соработка и соработка што ја поврзува Република Полска со други земји и народи.
Историја
уредиОрденот за заслуги на Република Полска го заменува Орденот за заслуги на Народна Република Полска основан во 1974 година. Во регулативата на претседателот на Република Полска од 16 април 1991 година бил дефиниран како Орден за заслуги на Република Полска, каде се наведува описот и промени на неговиот изглед [1]. Орденот за заслуги на Република Полска бил официално воведен под ова име на 16 октомври 1992 година со Законот за ордени и одликувања.
Орденот е поделен во пет степени:
уредиI степен – Голем крст од Орденот за заслуги на Република Полска,
II степен – Командантски крст со ѕвезда од Орденот за заслуги на Република Полска,
II степен – Командантски крст од Орденот за заслуги на Република Полска,
II степен – Офицерски крст од Орденот за заслуги на Република Полска,
5 степен – Витешки крст од Орденот за заслуги на Република Полска.
Доделување
уредиОрденот за заслуги на Република Полска се доделува на странцки и полски државјани кои живеат во странство (дијаспора) кои со своите активности дале исклучителен придонес во меѓународната соработка и соработка што ја поврзува Република Полска со други земји и народи. Орденот го доделува претседателот на Република Полска, по сопствена иницијатива или на барање на премиерот, а барањето го презентира министерот за надворешни работи[2].
Опис на орденот
уредиИзгледот на орденот е модификација од неколку различни претставувања на симболите од Орденот за заслуги на Полската Народна Република.
Значката на Орден за заслуги на Република Полска е крст со пет краци. Краците на крстот се покриени со емајл, црвен во средината и бел од страните. Помеѓу краците на крстот има пет редови зраци. Во центарот на крстот има сребрен орел со круна според симболот на полскиот грб. На врвот на крстот има плочка со монограм РП со хоризонтални зраци. Кај степените I–IV, зраците се позлатени, а во класата V се сребрени.
Дијаметарот на ѕвездениот крстот:
- степен I - 68 мм,
- степен II и III - 60 мм
- степен IV и V - 48 мм
Начин да врачување
уредиНачини како се врачува и носи Орденот за заслуги на Република Полска:
- степен I - крстот е прикачен на голема широка лента (100 мм) со темносина боја, префрлена преку десното рамо на левата страна, а орденот со ѕвезда треба да биде централно на левата страна на градите, под другите одликувања.
- степен II - крстот е прикачен на лента широка (45 мм) со темносина боја и се носи околу вратот, а орденот со ѕвезда треба да биде централно на десната страна на градите.
- степен III - крстот е прикачен на лента широк (45 мм) со темносина боја и се носи околу вратот.
- степен IV и V - орденот е прикачен на лента широка (36 мм) со темносина боја , на левата страна на градите. На лентата на орденот од IV степен, е направена розета со дијаметар од 30 мм.
Орденот за заслуги на Република Полска според хиерархија на полските одликувања следи по Орденот на Крстот на независноста.
Наводи
уреди- ↑ „Rozporządzenie Prezydenta Rzeczypospolitej Polskiej z dnia 16 kwietnia 1991 r. w sprawie opisu odznak niektórych orderów“. Dz.U. z 1991 r. nr 43, poz. 190. 1991-04-16.
- ↑ Ćwieluch, Juliusz (2010-11-20). „Medalomania. Raport: Medale i ordery. Kto daje, komu i za co“. Polityka.