Опсада на Цариград (1411)

Опсадата на Цариград од 1411 година се случила за време на Отоманската граѓанска војна односно Отомански интеррегнум,[1] (20 јули 1402 година - 5 јули 1413 година), кога во Отоманското Царство владеел хаос по поразот на султанот Бајазит I од воениот водач на Средна Азија, Тимур. Иако Мехмед Челебија бил потврден како султан од Тимур по Битката кај Анкара, неговите браќа Иса Челебија, Муса Челебиха, Сулејман Челебиха, а подоцна и Мустафа Челебиха, одбиле да го признаат неговиот авторитет, секој од нив претендирајќи го престолот за себе.[2] Резултатот бил граѓанска војна. Интеррегнумот траел до Битката кај Чаморлу на 5 јули 1413 година, кога Мехмед Челебија се појавил како победник, се крунисал за султан какоМехмед I и го вратил мирот во царството.

Опсада на Цариград
Дел од Отомански интеррегнум и Отоманско-византиски војни.

Цариград во 1422 година
Датум 1411
Место Цариград
Исход византиска победа
Завојувани страни
 Византија Отоманско Царство
Команданти и водачи
Мануил II Палеолог Муса Челебија

Позадина уреди

Пред Битката кај Анкара, Византија била обичен пион на надворешните сили неколку децении, но по поразот на Османлиите од Тимур, царството, за кратко време, станало играч во османлиската внатрешна политика и интриги.

Опсада уреди

Византискиот цар Мануил II Палеолог го поддржал Сулејман како претендент за османлискиот престол. Тие го потпишале договорот за Галиполе со византискиот регент Јован VII Палеолог во 1403 година, бидејќи во тоа време царот Мануил II Палеолог патувал во Западна Европа. Со овој договор, Сулејман се откажал од одредени територии долж брегот на Мармара, како и од градот Солун во замена за византиската поддршка за време на граѓанската војна и се прогласил за султан на во Одрин, главниот град во Румелја на Отоманското Царство.

И покрај поразот на неговиот брат и соперник за османлискиот престол, Муса, во Битката кај Космидион во јуни 1410 година, популарноста на Сулејман опаднала толку многу, што кога Муса се вратил за да му се одмазди за поразот во текот на следната година, приврзаниците на Сулејман поминале на страната на Муса.[3] Сулејман бил фатен при обид да избега на византиските територии, а бил убиен од селаните на 18 февруари 1411 година. Муса започнал да владее како султан на европскиот дел на царството.[4] Муса тогаш им се одмаздил на сите сојузници на Сулејман, вклучувајќи го и Мануил II Палеолог со поставување опсада кон Цариград во 1411 година.[5] Мануил II Палеолог се обратил за поддршка на Мехмет, кој го предал Муса и склучил нов сојуз меѓу него и Византијците против Муса. Опсадата била повлечена истата година.

Во Битката кај Инџеѓиз, силите на Мехмет се судриле со оние на Муса, но биле поразени. Во 1413 година, Мехмет ја добил поддршката од српскиот монарх Стефан Лазаревиќ и бегот на турските Дулкадириди, како и од некои генерали во војската на Муса. Тој ги победил силите на Муса во Битката кај Чамурлу кај Самоков, Бугарија.[6] Повреден и обидувајќи се да избега, Муса бил забележан и убиен на 5 јули 1413 година.[7]

Наводи уреди

  1. Dimitris J. Kastritsis, The Sons of Bayezid, (Brill, 2007), xi.
  2. Fine, John Van Antwerp, The Late Medieval Balkans, (University of Michigan Press, 1994), 499.
  3. Wittek, Paul. Rise of the Ottoman Empire. стр. 150.
  4. Prof. Yaşar Yüce-Prof. Ali Sevim: Türkiye tarihi Cilt II, AKDTYKTTK Yayınları, İstanbul, 1991 p 74-75
  5. Ostrogorsky, G. 'History of the Byzantine State', Rutgers University Press, 1969, p.557
  6. Encyclopædia Britannica Evpo 70 ed., Vol. 22, p. 368
  7. Joseph von Hammer: Osmanlı Tarihi cilt I (condensation: Abdülkadir Karahan), Milliyet yayınları, İstanbul. p 58-60.