Опсада на Одавара (1561)
За други битки со исто име, видете Опсада на Одавара (појаснување).
Опсадата на Одавара се случила во 1561 година, и е една од битките во јапонскиот период Сенгоку. Ова била прва од трите опсади што се случиле на замокот кој бил дом на кланот Хоџо.
Првата опсада на Одавара | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од период Сенгоку | |||||||
Еден дел од кула на замокот Одавара |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Уесигу (клан) Сатаке (клан) Ота (клан) Сатоми (клан) Јура (клан) Уцуномија (клан) Нагано (клан) Насу (клан) Ода клан | Хоџо (клан) | ||||||
Сила | |||||||
90,000-113,000 | 15,000 |
Уесуги Кеншин заробил неколку од замоците што припаѓале на кланот Хоџо, и во 1561 година направил опсада на замокот Одавара, кој исто така бил сопственост на кланот Хоџо. Уесигу ја пробил одбраната, и го запалил замокот. Сепак, самиот замок останал неосвоен, бидејќи Кеншин по два месеца се откажал. Ова се случило поради недостаток на залихи, како и на појавувањето на Такеда Шинген, поранешен противник на Кеншин, кој се заканувал дека ќе ги преземе неговите територии.
Така завршила првата од трите опсади на замокот Одавара.
Литература уреди
- Turnbull, Stephen (1998). 'The Samurai Sourcebook'. London: Cassell & Co.