Оливер Месечковски и кошмарниот лилјак -грицкалче

„Оливер Месечковски и кошмарниот лилјак-грицкалче“ (англиски: Oliver Moon and the nipperbat nightmare) е книга за деца од британската писателка Су Монгредин (Sue Mongredien). Книгата е објавена во 2007 година од издавачката куќа „Азборн паблишинг“ (Usborne Publishing Ltd.), додека во Македонија, таа е издадена од Три во 2010 година, а во превод на Марија Среброва и Мирјана Буразер.[1]

Технички одлики уреди

Книгата е со обем од 20 сантиметри, има 96 страници и, покрај текстот, содржи илустрации, коишто се дело на Јан Мекаферти. Лектурата на текстот ја извршила Васка Кочовска, а технички уредник е Славко Јовановски. Книгата е испечатена во печатницата „Графотрејд“. Книгата е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4577-87-4.[1]

Содржина уреди

Книгата содржи шест глави, во кои се опишани доживувањата на детето Оливер Месечковски кое учи во училиштето за вештери. На Ноќта на вештерките завршува учебната година, а Оливер е одреден да го чува училишното милениче, лилјакот Грицко. Меѓутоа, поради палавоста на неговата помала сестра, Грицко предизвикува вистински кошмар.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 Су Монгредин, Оливер Месечковски и кошмарниот лилјак-грицкалче, Скопје: Три, 2010.