Одземање на силата

„Одземање на силата“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески, дел од збирката „Стерна“. Таа била објавена неколкупати, и тоа: во второто издание на збирката „Везилка“ од 1961 година (издание на Култура), во збирката „Стерна“ (издание на Мисла) од 1966 година, во збирката „Стари и нови песни“ од 1979 година, во јубилејното издание на збирката „Везилка“ ([[Арс Ламина - публикации|Арс Ламина-публикации, 2021),[1] како и во збирката „Збор и опит 1“ (Арс Ламина-публикации, 2021).[2]

Осврт кон песната уреди

Во есејот „Совпаѓања“, Блаже Конески наведува примери на искази во неговите песни за кои постои пандан во светската книжевност. Таков е случајот со песната „Одземање на силата“ во која Крале Марко му упатува прекор на Бога во стиховите: „сеќавам сепак во мене нешто што те надминува / што си го имал, можеби, но си го отуѓил / кога нè создаде да откинеш од маката“. Притоа, Конески објаснува дека дека таквата космогониска идеја му се јавила спонтано при што бил убеден дека се работи за нова идеја со следново значење: светот и луѓето се создадени за да може Творецот да ја пренесе на нив својата мака. Меѓутоа, многу подоцна, читајќи ја книгата на Елејн Пејгелс за гностичките евангелија, дознал дека слична идеја се среќава кај гностичкиот египетски поет од вториот век, Валентин, кој вели дека „светот настанал кога Мудроста, мајката на сите суштества, го создала од својата мака.“ Според Конески, употребата на слични искази кај двата поета може да се објасни со незадоволството од делото на Творецот, кое довело до истиот заклучок во два момента кои не се поврзани просторно и временски.[3]

Наводи уреди

  1. Блаже Конески, Везилка. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 18.
  2. Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 76-78.
  3. Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 191-192.