Обединето Кнежевство Влашка и Молдавија

Обединето Кнежевство Влашка и Молдавија или Романски обединети кнежевства (романски: Principatele Unite ale Valahiei şi Moldovei) е името на романската држава во периодот од 1859 до 1881 година.

Обединети кнежевства (1859–62)
Principatele Unite
Романски обединети кнежевства (1862–66)
Principatele Unite Române
Романија (1866–81)
România
де јуре вазал на Отоманското Царство (1859–77)[a]

 

 

1859 – 1881
 

Знаме Грб
Гесло
Nihil Sine Deo
"Nothing without God"
Местоположба на Обединети кнежевства
Главен град Јаш и Букурешт
(1859–1862)
Букурешт
(1862–1881)
Јазици романски
Уредување уставна монархија[b]
принц
 -  1859–1866 Александар Јон Куза
 -  1866–1881 Карол I
регент
 -  1866 Ласкар Катаргиу
 -  1866 николае Голеску
 -  1866 Николае Харалампие
Премиер
 -  1862 Барбу Катаргиу (прв)
 -  1879–1881 Јон Братијану (последен)
Законодавство Парламент
 -  Горен дом Сенат
 -  Долен дом Дом на пратеници
Историја
 -  унија помеѓу Кнежевство Молдавија и Кнежевство Влашка 24 јануари 1859
 -  Прва заедничка влада 22 јануари 1862
 -  Независност од Отоманското Царство[c] 9 мај 1877
 -  основено кралство 14 март 1881
Површина
 -  1860[d] 124506 км²
 -  1880[d] 130434 км²
Население
 -  1860[d] 4424961 
     Густина 35.5 жит/км²
 -  1880[d] 5278531 
     Густина 40.5 жит/км²
Валута романски лек
Денес во  Молдавија
 Романија
 Украина
^ a. De facto independent state.
^ b. 1866 Constitution of Romania.
^ c. Independence internationally recognized in 1878.
^ d. Ethnic and Political Studies.[1]

Историја уреди

 
Обединувањето на кнежевствата, Теодор Аман, 1857

По крајот на Кримската војна, австрискиот режим станал омразен меѓу населението, бидејќи бил потиснат материјалниот и политичкиот живот. Во мировните преговори меѓу Големите сили било одлучено замена на рускиот протекторат со колективен протекторат на земјите кои го потпишале договорот. Во исто време романските емигранти во Париз започнале се појасно да го поставуват прашањето за обединување на двете кнежевства. На едната страна застанале Австрија и Османлиското Царство заедно со Англија која била во добри трговски односи со Истанбул. Од друга страна била Франција, која не сакала Русија да излезе во своите сфери на влијание на Балканот, Средоземјето и Мала Азија, како и Русија која проценила дека едно соединување ќе доведе до слабеење на позициите на Османлиите. Најголема улога во обединувањето на двете дунавски кнежевства имале емигрантите во Западна Европа, посебно во Франција која не се спротивставувала на обединувањето.

По крајот на конгресот, австриските сили се повлекле од двете кнежевства, а во 1857 година биле спроведени успешни избори за обединување на двете кнежевства. На конвенцијата од 7 август 1858 било изгласено да се зачуваат двете кнежевства како одделни, но со право да основат заеднички управни органи. Во 1861 година Александар Јон Куза го објавил соединувањето на двете кнежевства, иако тие сѐ уште биле вазални на Османлиското Царство. Во 1861 година во османлиската престолнина била свикана меѓународна конференција која го признала официјално соединувањето на двете кнежевства под името Романија и како вазална земја на Османлиите била до Берлинскиот конгрес.

Наводи уреди

  1. Europa, Rusia si Romania Ethnic and Political Studies, D. A. Sturdza, 1890 (романски)