ОУ „Христијан Тодоровски-Карпош“ - Ранковце

основно училиште во Македонија

Основно училиште „Христијан Тодоровски-Карпош“ — единствено основно училиште во селото Ранковце, во истоимената општина, Македонија. Училиштето е сместено на главниот пат во селото, во близина на општинската зграда.

ООУ „Христијан Тодоровски-Карпош“ - Ранковце

Место
Општина: Ранковце
Нас. место: Ранковце
Адреса: Ранковце
Местоположба

Карта

Основни информации
Настава на: македонски
Контактни информации
Мреж. место oukarpos.wordpress.com/about/

Училиштето е именувано по истакнатиот македонски партизан од НОБ и народен херој Христијан Тодоровски-Карпош.

Историја уреди

Училиштето постои од 1956 година. Централниот објект на училиштето бил обновен во 2000 година.

Подрачни училишта уреди

Во рамките на општинското основно училиште „Христијан Тодоровски - Карпош“ се наоѓаат и три подрачни основни училишта од прво до деветто одделение, каде покрај учениците од селата каде што се наоѓаат самите подрачни училишта, се образуваат и други ученици од поблиските села. Овие училишта се:

  1. Подрачно основно училиште „Христијан Тодоровски - Карпош“ во село Герман
  2. Подрачно основно училиште „Христијан Тодоровски - Карпош“ во село Радибуш
  3. Подрачно основно училиште „Христијан Тодоровски - Карпош“ во село Псача

Организација уреди

Во училиштето работат 42 наставника и осум членови на помошниот персонал во училиштето. Во учебната 2015/2016 година биле запишани 301 ученик, распоредени во 26 паралелки.

Надворешни врски уреди

42°10′1″N 22°7′4″E / 42.16694° СГШ; 22.11778° ИГД / 42.16694; 22.11778