ОУ „Раде Кратовче“ - Кочани

основно училиште во Кочани

Општинско основно училиште „Раде Кратовче“основно училиште во Кочани, Општина Кочани[1] Училиштето го носи своето име по учесникот во Народноослободителната борба, Раде Кратовче. Во состав на училиштето работи едно подрачно училиште во Нивичани.

Раде Кратовче

Училиштето во 2023 година
Училиштето во 2023 година
Место
Општина: Кочани
Наречено по: Раде Кратовче
Нас. место: Кочани
Адреса: ул. Борис Трајковски, бр.42
Местоположба

Карта

Основни информации
Директор: Виолета Апостолова
Настава на: македонски
Контактни информации
Мреж. место www.radekratovce.edu.mk/
Е-пошта malinapopivanova@yahoo.com
Телефон 033 274 037

Историја уреди

 
Бистата на Раде Кратовче.

ОУ „Раде Кратовче“ е најстарото постоечко училиште во Кочани. Неговата зграда била изградена во 1936 година. Првото име на училиштето било „Доситеј Обрадовиќ“, според српскиот писател Доситеј Обрадовиќ, а по ослободувањето, го добило името според македонскиот партизан Раде Кратовче. Првично, зградата на училиштето имало само 1 кат. Иако зградата на училиштето била изградена во 1936 година во него не биле држени часови до 1939 година. Од 18 декември 1944 година, училиштето работело како прогимназија, а од учебната 1945/46 година веќе работи како гимназија. Гимназиската настава во зградата била изведувана сè до полугодието на учебната 1954/55 година од каде што се преселила во новоизградена училишна зграда на сегашното Основно училиште „Никола Карев“.[2] Вториот кат бил изграден во 1963 година.[3]

ОУ „Раде Кратовче“ во 2007, 2009, 2011 и 2014 година, добило „Зелено знаме“ за еко-училиште од Светската организација ОХО.[4]

Досегашни директори уреди

  • Георги Чадиковски[5]
  • Благој Давитков[6]
  • Драган Трајчев[7]


Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Регистар на основни училишта“. data.gov.mk. Посетено на 30.01.2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  2. Александра (27 декември 2015). „Гимназијалци - 1955-56 г.“. oldkocani.do.am. Архивирано од изворникот 2023-09-29. Посетено на 29 септември 2023.
  3. „Историјат“. ОУ „Раде Кратовче“. Архивирано од изворникот 2020-09-28. Посетено на 29 септември 2023.
  4. „ОСНОВНИ УЧИЛИШТА“. Општина Кочани. Архивирано од изворникот 2018-11-07. Посетено на 29 септември 2023.
  5. Александра (5 ноември 2017). „Учители - Кочани“. oldkocani.do.am. Архивирано од изворникот 2023-09-29. Посетено на 29 септември 2023.
  6. „Директор“. ОУ „Раде Кратовче“. Архивирано од изворникот 2020-09-28. Посетено на 29 септември 2023.
  7. „Директор“. ОУ „Раде Кратовче“. Архивирано од изворникот 2023-01-23. Посетено на 29 септември 2023.

Надворешни врски уреди