ОУ „Васил Главинов“ - Велес

Васил Главиновосновно училиште во Велес, Општина Велес. Централното училиште се наоѓа во новиот дел од градот.

„Васил Главинов“

[[Податотека:
Дел од главниот влез во училиштето
|250x200px|]]
Место
Општина: Општина Велес
Нас. место: Велес
Адреса: ул. Никола Карев - 2
Местоположба
Основни информации
Директор: Сашко Чоков
Настава на: македонски
Контактни информации

Основање и развој уреди

ООУ “Васил Главинов” е деветогодишно училиште чија основна дејност е воспитно-образовна на ученици од I - IX одделение. Училиштето е основано од Општина Велес на 23 октомври 1955 година. Работата ја започнува со 22 паралелки од 1 до 9 одделение со 700 ученици и 30 наставници. Училиштето е верифицирано е со Решение бр.10-942/3 од 8.06.1994 г на Министерството за образование и физичка култура на Република Македонија. Училиштето е регистрирано во Централниот регистер со решение бр.4025563 од 26.01.2007 год.

Подрачни училишта уреди

Општинското основно училиште „Васил Главинов“ воспитно - образовната работа ја организира и реализира во еден матичен објект, Објект бр. 2 во Превалец (петгодишно) и 4 подрачни училишта - с.Бузалково (деветолетка), с. Клуковец, с. Раштани и с. Сливник (петгодишни).

Организација уреди

Наставниот процес се изведува согласно со Наставниот план и Програма на Министерството за образование на Р.С.Македонија, Бирото за развој на образованието и плановите и програмите на училиштето. Задолжителната настава претставува основа за реализација на планираните воспитно-образовни цели на основното образование и овозможува вертикална проодност за понатамошното школување на ученикот во средното образование. Задолжително образование на учениците според старосната возраст поделено во три периода и тоа од I до III, од IV до VI и од VII до IX одделение. Во училиштето задолжителен странски јазик е англискиот, а втор странски јазик е француски и германски јазик. - Пред почетокот на учебната година се изработува распоред на редовна настава, до 15 септември и распоред за додатна и дополнителна настава, како и распоред за дежурства на наставниците и учениците. Носители на наставниот процес се наставниците, поединечно, одговорните наставници на активите, педагогот, психологот, дефектологот и директорот на училиштето, кои ги реализираат своите задолженија и активности според своите глобални и тематски планирања кои ги изготвуваат на почетокот на учебната година. Наставата се реализира во две смени. Наставата за првата смена започнува во 7:30 часот, а за втората од 13:00 часот .Наставата се реализира во кабинети и училници. Површина на објектот во централно училиште 5180 – м2, површина на училишниот двор во централното училиште 16 690 м2. Наставата во матичното училиште и подрачното во с. Раштани и Објект 2 се изведува на македонски јазик со 61 паралелка и 1202 ученици, а во Бузалково, Сливник и Клуковец на албански наставен јазик со 26 паралелки и 543 ученици.

Со континуираниот професионалниот развој на наставно-воспитниот кадар и примената на информатичката технологија настојуваме да го унапредуваме квалитетот на наставата, креативноста и поединечниот потенцијал кај учениците и нивниот развој. Се реализираа повеќе обуки во училиштето и надвор од него. Образованите наставници ги дисеминираат обуките. Ефикасно се користи информатичко - комуникациската технологија и учениците се поттикнуваат на учењето преку истражување, со што се стекнуваат со вештини за критичко размислување. Асистивните уреди и софтвери наменети за учениците со посебни образовни потреби се користат во наставата. Во контекст на подобрување на квалитетот на наставата професионалниот развој е составен дел на секојдневната работа на наставниците. Се разменуваат искуство и знаење на ниво на стручни активи, хоризонтална и вертикална соработка, тимска работа, посета на семинари, формални и неформални состаноци.

Проекти уреди

Училиштето е вклучено во поголем број проекти:

Програма- Инклузивно образование во основно училиште,поддржана од канцеларијата на УНИЦЕФ и МОН; Математика со размислување и македонски јазик- во организација на БРО, МОН, МЦГО, УСАИД; Меѓународна студија за оцена на почетната состојба со јазична и математичка писменост кај учениците од второ и трето одделение; Студија за однесувањата поврзани со здравјето кај младите на училишна возраст – Меѓународно истражување во соработка со МОН и СЗО;Отвори го срцето - Центар за интегрална рехабилитација „Виготски” – Велес; Зелен пакет јуниор - МОН, Министерство за животна средина и просторно планирање; Интеграција на еколошка едукација во образованието- во соработка со ОХО и МОН; „Еднаков пристап за еднакви можности”; Заедничка Програма на Европска унија и Совет на Европа „Регионална поддршка за инклузивно образование“; Меѓуетничка интеграција во образованието-МЦГО, УСАИД, МОН; Намалување на насилството во училиштата - како да се сменат нештата.

Проект „Поддршка за училишните секции “

Проект за поддршка на Училишните Секции и јакнење на соработката меѓу Општините и училиштата за поддршка на Младински иницијативи во рамките на МИМО, МЦГО, училиштето е добитник на 60 000 ден. во рамки на

Грант од Националната агенција за европски образовни програми и подвижност од Еразмус+ програмата како партнер-училиште во проектот- „Improving health through modern sports and changing the approach to nutrition’’.

Проект - клучната акција КА1-101  Втора подвижност реализирано со група од 4 наставници во  Основно училиште „Тење“  Република Хрватска  „Инклузија- наша визија каде сите разлики се еднакви“.

ФШМС-Федерација на училиштен спорт - Виртуелана галерија „Борба против насилство и дискриминација меѓу младите во спортот“.

Учество на меѓународни натпревари уреди

Награди и признанија уреди

  • Училиштето е носител на највисокото општинско признание Спомен Плакета „9-ти Ноември“.
  • 2018 Училиштето е трипати добитник на зелено знаме.
  • 2016 година Училиштето е добитник на второ место во државата за најчисто и најбезбедно училиште.

Опременост уреди

Директори во ова училиште уреди

Мирко Мицев (1995 -1956), Иван Синадиновски (1956 - 1984), Атанас Јанакиев (1984 - 1996), Иван Домазетов (1997- 1999), Мерџана Челева (1999-2003), м-р Асен Прличков (2003 - 2011), Лилјана Николоска (2011- 2018), Сашко Чоков (2018 - денес)

Наводи уреди

Надворешни врски уреди

Мрежно место на училиштето