ОСУ „Јовче Тесличков“ - Велес

„Јовче Тесличков“ — средно училиште во Велес, Општина Велес[1].

Јовче Тесличков

Место
Општина: Велес
Место: Велес
Основни информации
Контактни информации
Портал jovcheteslichkov.edu.mk

Основање и развој уреди

ОСУ „Јовче Тесличков“ - Велес егзистира од 1956/57 година во склоп на гимназијата Кочо Рацин а од 01.09.1960 година е самостојно економско училиште. Покрај другите средни училишта во градот Велес успешно работи извршувајки ја својата воспитно-образовна дејност со децении.

Образува економисти со висок квалитет

Училиштето почнува да егзистира и образува кадри од 1960 г. Во зградата во која се наоѓала првата велешка гимназија.Од учебната 1956-57 год до 31.08.1960 година училиштето работеше во склоп на гимназијата”Кочо Рацин”како економска паралелка при гимназијата, а од 01.09.1960 год се издвои како самостојно училиште со решение на народниот одбор на титовеле-шката околија бр.01-7269 од 14.09.1960 год кое гласи економско училиште”Јовче Тесличков”-Титов Велес. Од 0963-64 год работи во зградата на старата гимназија заедно со ЦОУ “Благој Ќирков”. Зградата во која работи училиштето е реновирана последен пат во 1974 година.

Од март 1975 г. Училиштето работи во реновирана зграда со ЦОУ ”Благој Ќирков”во две смени.

Од учебната 2006/2007 година училиштето е преместено на нова локација во зградата на основното училиште Трајко Андреев.

Во првата учебна година од самотојно училиште 1960-1961 запишани се вкупно 228 редовни ученици распоредени во 7 паралелки.Од година во година расте бројот на паралелките и учениците во училиштето .Воспитно образовната работа била отсекогаш најважна задача.

Првиот совет(училиштен одбор) е формиран во 1960 год а за негов прецедател е избран Попов Димче-вработен во народниот одбор.Овој училиштен преминува во работна заедница во 1964 год а во 1978 год Совет на училиштето.

Од 1984 Економското училиште Јовче Тесличков се вклопи на новата концепција за насочено образование и го смени името во Училиште за средно образование со тровска и економска струка.

Од учебната 2005/2006 во ова училиште се остручуваат кадри од економско правна и трговска струка,поделена на три профила: економски техничар,деловен секретар,асистент за трговија и маркетинг.

Во ОСУ Јовче Тесличков се образувале(образовале), се образуваат и ќе се образуваат ученици ,потенцијални кадри за градот и Република Македонија. Може да се каже дека значителен економски кадровски,политички,научен и друг потенцијал завршил во ова училиште што е резултат на сите вработени во него.

Учество на натпревари уреди

Учениците од ОСУ „Јовче Тесличков“ учествуваат на разни натпревари и манифестации каде го покажуваат своето теоретско и практично знаење. Од страна на директорот и професорите при ОСУ „Јовче Тесличков“ се води посебно грижа за зајакнување и единството на меѓучовечките односи во училиштето меѓу учениците и наставниците кои се на завидно ниво и претставува солидна база за успешна работа.

Учениците од ОСУ „Јовче Тесличков“ учествувале на меѓународни саеми на виртуелни компании и тоа:

Учениците во ОСУ „Јовче Тесличков“ усвојуваат знаење, способности и навики со помош на кои се развиваат нивните интелектуални способности а напоредно со тоа се изградуваат и како личности.

Освоени награди уреди

Училиштето зема активно учество и во повеќе јавни манифестации како што се: орагнизирање на хуманитарна акција проследена со културно – уметничка програма, учество на финални работилници за проекти на ученици од средните училишта во организација на Црвениот крст на Р. Македонија, учество на образовното рандеву во организација на МАССУМ при што учениците се вратија со втора награда, организирање на отворен ден на училиштето, манифестација по повод патрониот празник на училиштето збогатена со културно – уметничка програма, претставниците од училиштето освоија и трето место на математичкиот натпревар Кенгур и прво место за најдобар бизнис план на ниво на републиката, балетска група од училиштето „Инфинити“ освои второ место на републичкиот напревар за танцување Мак – денс и многу други награди и признанија.

За својата работа и остварените резултати нашето училиште е добитник на 9-то Ноемвриска награда за 2006 година од Советот на Општина Велес.

Познати личности кои учеле во ова училиште уреди

Познати личности кои предавале во ова училиште уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди