Но-Уи - роман на македонската писателка Лидија Димковска, првобитно објавен во 2016 година од страна на издавачката куќа „Или-или“.

Но-Уи

Содржина

уреди

Приказната во романот се однесува на животот на две жени, бабата и внуката со исто име, Недјељка, а дејството се одвива од почетокот на 1930-тите до почетокот на 21 век. Бабата Недјељка го почнала животот како ќерка на рибар и продавачка на пазарот, а подоцна успеала да се еманципира, носејќи панталони, излегувајќи сама на корзото и помагајќи го движењето против фашистичката окупација на Сплит. Недјељка била инспирирана од француската новинарка Шарлот која се омажила во Сплит, носејќи ја со себе француската мода. Недјељка, која ја викале Неда, се вљубила во фашистичкиот војник Карло, кој претходно го малтретирал братот на Неда, Крсто. И Карло се вљубил во Неда, а потоа се откажал од фашизмот и до крајот на војната служел во италијанската антифашистичка бригада. По Втората светска војна, Карло морал да го напушти Сплит, каде што не бил прифатен, и се вратил во родното место во Сицилија, каде му се придружила и Неда.[1]

За романот

уреди

Романот настанал како резултат на триесетдневниот престој на Димовска во книжевната резиденција во Сплит, организирана од книжевното здружение „Курс“. Во него, авторката ги спротивставува двете идеологии - фашизмот и антифашизмот, претставени преку Недјељка и еден нејзин внук, кој се одрекува од неа и станува еден од водечките политичари на фашистичката десница. Исто така, во романот се насликани и современите општествени случувања во Хрватска. Јазикот во романот е богат и метафоричен, со бројни лирски пасажи за очите на Карло или за бојата на Јадранското и на Тиренското Море.[2]

Наводи

уреди
  1. Роберт Алаѓозовски, „Нелагодност во вдомувањето“, Економија и бизнис, година 18, број 220, октомври 2016, стр. 101-103.
  2. Роберт Алаѓозовски, „Нелагодност во вдомувањето“, Економија и бизнис, година 18, број 220, октомври 2016, стр. 101-103.