Во селото Волак и околните населени места, познато како Драмско поле, жените носеле бела платнена туниковидна кошула, долга над глуждовите, украсена со вез на долниот околен дел и на долниот дел од ракавите. Над неа се облекува сина риза, од памучно платно во сина боја, со покуси ракави и поли за да не се гледа декорацијата на претходната, нејзиниот естетски изглед го надополнува везената декорација на ракавите и на долниот дел од полите. Во празнични прилики над овие две облеки се облекувале една или две саи од домашна памучна или волнена ткаенина, кои пак, носени на специфичен начин – префрлени поли назад, имаат посебен декоративен ефект.

Селани на гроздобер во носии од село Чаталџа, Драмско

Над сината риза и над сајата се опашува појас ткаен на црвена основа со вткаени жолти и црни прави шарки, обликуван од двојно предиплена дипла, обмотан неколку пати околу струкот. Скутината е од волнена преѓа ткаена на црвена основа со ситни орнаментални форми комонирани во хоризонтални редови.

Жени од Драмско во народни носии, почеток на XX век
Носии од с. Волак, Драмско во Драмскиот Етнографски Музеј

Главата се покрива со црна или темно сина квадратна крпа дијагонално предиплена, на предниот дел – на темето специфично украсена со везена декорација на црвена основа, на аглите накитена со рески од разнобојни конци. Чорапите се исплетени од бела волнена преѓа орнаментирани со декорација распоредена на стопалата и околу глуждовите.

Поврзано уреди