Нониус (по латинизираното презиме Нониус на португалскиот математичар Педро Нуниш; 1502 – 1578) – подвижна скала за мерна должина или агол, на која единиците и се помали за 1/10 од единиците на основната скала. Со одредено порамнување на тие скали, можно е сигурно отчитување на десетинки (десетти дел) од основаната единица.[1]

Нониусот е подвижна скала за мерна должина или агол, со која е можно сигурно отчитување на десетинки (десетти дел) од основната единица.
Зголемен поглед на скалата на нониусот, која има прецизност од 0,02 mm. Отчитаната вредност е 3,58 mm. Вредноста 3 се отчитува на левата страна (левата црвена линија). Вредноста 0,58 mm се отчитува на местото каде горната и долната цртичка се поклопуваат (десната црвена линија).
Измерени големини од 5,0 mm, 5,1 mm i 5,5 mm.
Микрометарскиот винт покажува 5,78 mm.

Историја уреди

Точност до дел од милиметарот се постигнува со употреба на нониус, посебна скала, која уште во дамнешната 1542 година ја осмислил Португалецот Педро Нуниш (латинизираното Nonius) кој својата скала ја применил на астролаб. Нониусот го усовршил Французинот Пјер Верние во 1631 година (затоа нониусот понекогаш се нарекува и верние).[2][3]

Примена уреди

Шублер уреди

Шублер (според германски: Schublehre) е рачен мерен инструмент за мерење на надворешни внатрешни димензии на разни предмети. Со шублерот мериме димензии на тела со прецизност до дел од милиметарот.

Се состои од тело на шублерот со впишани скали (на долниот дел е нанесена милиметарска, а на горниот дел скала во инчи), лизгач со нониус, краци за мерење на надворешни димензии на тела, шилци за мерење на внатрешни димензии како и дел за мерење на длабина. Заради попрецизно отчитување на димензиите, шублерот има и кочен механизам (обично се работи за винт со кој лизгачот се прицврстува за телото).

Шублерот се изработува од челик, пластика како и од дрво за мерење на предмети со поголеми димензии (на пр. шумарите го користат за мерење на пречникот на стеблата).

Микрометарски винт уреди

Микрометарскиот винт е мерен инструмент со точност на отчитување на мерената вредност од 0,01 mm. Слично како шублерот, микрометарскиот винт се состои од подвижен и неподвижен дел. Наместо да се лизга, подвижниот дел се поместува со помош на винт. Мерењето на должини со помош на микрометарскиот винт се заснова на пропорционалноста меѓу транслациското поместување на винтот и аголот на придвижувањето на винтот. Кога винтот се врти во матицата, неговото поместување се отчитува на неподвижната скала така што се следи работ на цилиндарот. Одот на винтот (транслациското поместување за цел круг) изнесува точно 0,5 mm. Со оглед дека скалата на цилиндарот е поделена на 50 делчиња, можно е да се мери должина со точност на отчитување од 0,01 mm, што е петкратно поточно од можноста која ја дава шублерот.

Телото чии димензии се мерат, се поставува меѓу наковалната и винтот (подвижниот дел), а винтот се приближува кон телото сè додека не го допре. Допирот мора да биде нежен за да не се деформира телото. Пожелно е притисокот да биде секогаш ист. За да се постигне тоа, микрометарскиот винт се врти исклучиво со помош на запчесто тркалце сензор кој кликнува кога притисокот на подвижниот дел на телот достигне одредена вредност. После тоа нема потреба повеќе да се врти назабената глава бидејќи сигурносниот механизам на микрометарскиот винт спречува понатамошно стегање. Цилиндарот со вртечка нониус-скала не смее да се гиба.

Неподвижната скала со линии е поделена на должини од 0,5 mm, а на работ на цилиндарот се наоѓа линеарна скала со ознаки од 0 до 50. Горните линии означуваат полни милиметри. Со вртење на цилиндарот за полн круг, тој се поместува за пола милиметар, па е потребно на неподвижната скала да се означат и половините од милиметарот.

Наводи уреди

  1. nonij ili nonius, [1] "Hrvatska enciklopedija", Leksikografski zavod Miroslav Krleža, www.enciklopedija.hr, 2015.
  2. Daumas Maurice: Scientific Instruments of the Seventeenth and Eighteenth Centuries and Their Makers, Portman Books, London 1989.
  3. [2] "1911 Encyclopaedia Britannica article on Navigation", 2008.