Ново Село (Касандриско)

село на Халкидик, Егејска Македонија
(Пренасочено од Ново Село (Халкидик))

Ново Село (грчки: Νεοχώρι, Неохори; старо Νοβοσέλο, Новосело) — село во Касандриско, Егејска Македонија, денес во општината Аристотел на Халкидичкиот округ во областа Централна Македонија, Грција[2]. Во 2011 г. населението броело 714 жители.

Ново Село
Νεοχώρι
Ново Село is located in Грција
Ново Село
Ново Село
Местоположба во областа
Ново Село во рамките на Аристотел (општина)
Ново Село
Местоположба на Ново Село во Аристотел и областа Централна Македонија
Координати: 40°30′N 23°40′E / 40.500° СГШ; 23.667° ИГД / 40.500; 23.667
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругХалкидик
ОпштинаАристотел
Општ. единицаЛеригово
Надм. вис.&10000000000000550000000550 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно714
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Ново Село се наоѓа на 32 км северозападно од градот Ерисово и на 8 км источно од Леригово, во јужните делови на планината Пијавица. Селото се наоѓа на надморска височина од 550 метри.

Историја уреди

Селото отсекогаш било населено со Македонци и македонскиот јазик во него се задржал до крајот на XIX век. Селото е основано околу 1500 г. За првпат се спомнато во трговски договор од 1640 г. кој денес се чува во Иверскиот манастир на Света Гора. Ново Село е едно од 12-те мадемски села кои зеле учество во Халкидичкото востание во 1821 г. под водство на Атанас Караташо и Емануил Папас.[3]

Според податоците на хилендарски монаси до средината на XIX век во Ново Село и соседното Извор сè уште се зборувало македонски, а во 1900 г. имало старци кои го помнеле јазикот. Охридскиот просветен деец Васил Дијамандиев, патувајќи од Солун за Света Гора во 1850-тите слушал како населението пее македонски жетварски песни, но без да знаат што значат зборовите.[4] Од овие две сведоштва може да се заклучи дека во средината на векот јазикот почнал да излегува од општа употреба.

Црквата „Св. Ѓорѓи“ е изградена во 1858 г. Црквата „Св. Димитриј“ кај селото исто така е од XIX век.[5] Во 1878 г. населението броело 420 жители. Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) го претставува Ново Село како македонско село[6] со една црква и училиште.[7]

Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. го бележи Ново Село со 500 жители, кои погрешно ги нарекува „Грци“, веројатно поради јазичната асимилација.[8]

Демографија уреди

Во 1928 година селото броело 849 жители, додека во 1940 година селото броело 1078 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 1021 жител, на пописот од 1961 година во селото живееле 1045 жител, во 1971 година имало 943 жители, во 1981 година имало 870 жители[9], додека во 1991 година имало 856 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1078 1021 1045 943 870 856 852 714
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Kallikratis law Архивирано на 27 април 2017 г. Greece Ministry of Interior (грчки)
  3. „Νεοχώρι“. Δήμος Αριστοτέλη. Архивирано од изворникот на 1 септември 2014. Посетено на 21 јуни 2014.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 74–75. ISBN 954430424X. no-break space character во |pages= во положба 3 (help)
  5. „ΕΙΚΟΝΕΣ-ΙΕΡΑ ΛΕΙΨΑΝΑ-ΠΑΝΗΓΥΡΕΙΣ“. Ιερά Μητρόπολη Ιερισσού, Αγίου Όρους και Αρδαμερίου. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Посетено на 6 јуни 2014.
  6. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  7. Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 114–115.
  8. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 173. ISBN 954430424X.
  9. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 165.

Надворешни врски уреди