Нова ТВ Хрватска

(Пренасочено од Нова тв)

Нова ТВ Хрватска е првата хрватска комерцијална телевизија со национална консесија, членка на ЦМЕ групата.

Лого Нова ТВ

Програмот почнал да се емитува на 28 мај 2001, како прва хрватска комерцијална телевизија со национална консесија и набргу станала многу популарна меѓу гледачите. Најпозната е по својата информативна емисија Дневник Нова ТВ. Програмот се сости од различни серии, емисии, цртани, филмови и дневни вести. На Нова ТВ се прикажуваат и познати хрватски хумористични серии. Исто така се прикажуваат и новите популарни американски серии како „Изгубени“, „Очајни домаќинки“, „Медиум“ итн. Преносите од спортските настани исто така се повремено дел од нејзината програма. Промената на сопствената структура донесе и златно вложување во техниката и луѓето, па така Нова ТВ 2006 се всели во нови простории и студија и започна со нови домашни проекти. Нашите гледачи оваа телевизија можат да ја следат на кабелска телевизија во нивниот град.

Надворешни врски уреди