Новак (умрел после 1369) бил кесар, вазал на кралот Волкашин.

Кесар Новак
кесар на [Преспа]
Ктиторската фреска од црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ на островот Мал Град во Преспа
ЖенаКали
Деца
Амирал
Марија
ВераПравославие

Биографија

уреди

Новак првобитно се спомнува без никаква титула. Во изворите се среќава во јануари 1366 година во повелбата на кралот Волкашин со која го потврдува Новаковиот дар на светогорскиот манастирот Свети Пантелејмон. Новак го дарувал селото Копривљане. Во повелбата е нагласено дека селото го населил самиот Новак пред да го дарувал. Веројатно во прашање е селиште (напуштено село) кое Новак го обновил. Три години подоцна се споменува извсен кесар Новак во ктиторската композиција во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ на островот Мал Град во Преспа во денашна Албанија. Носел висока титула кесар, резервирана за членовите на владетелското семејство. До кесарот Новак се појавуваат и неговата жена, кесариса Кали и синот Амирал. Фактот дека со кесарска титула се јавува во 1369 година, не остава сомнеж дека титулата му ја подарил царот Урош V (1355-1371). Во натписот од 1368/9 година, меѓутоа, е јасно нагласено дека Новак е вазал на кралот Волкашин (1365-1371).