Ниша (архитектура)
Ниша[1][2] — вдлабнатина или шуплина во ѕид за сместување на украсни предмети како што се статуи, бисти, урни и вазни.[3] Во класичната архитектура примери се егзедрата или апсидата со намалена големина, при што нишата ја задржала полукуполата што е вообичаена за апсидата. Во првиот век пр. н. е., немало точно споменување на ниши, туку зотека или мала соба. Овие простории многу личат на ниша, но малку поголеми. Различни големини и методи на скулптура сугерираат дека поимот ниша бил разбран. Особено Грците и Римјаните користеле ниши за важни семејни гробници.[4]
Етимологија
уредиЗборот потекнува од латинскиот збор nidus (букв. 'nest' гнездо), преку француската niche. Италијанскиот никио ( букв. 'sea-shell' школка) може да биде вклучена и во потеклото на зборот,[5] бидејќи традиционален украс за врвот на нишата е школка, па оттука и алтернативниот поим „конха“ за полукупола, вообичаено користен за поголеми егзедри. Веќе во IV век, ваквите архитектонски особености или рамката што ги опкружува се нарекуваат табернакули. Оваа определба се протега на украсот или рамката околу вратите, прозорците и нишите.
Видови
уредиСлепа ниша е многу плитка ниша, обично премногу плитка за да содржи статуи и може да личи на слеп прозорец (прозорец без отвори) или запечатена врата.[6][7][8]
Во готската архитектура, нишата може да се постави во рамката на табернакулот, како богато украсена минијатурна куќа (aedicula ), како што може да служи за кивор. Подлогите за олтарите во црквите (reredos) можат да бидат вградени со ниши за статуи.
Иако нишата во класичен или во готски контекст може да биде празна и само да обезбеди одредена артикулација и разновидност на дел од ѕидот, култното потекло на нишата наговар во неа да има статуа.
Примери
уредиЕдна од најраните градби што користи надворешни ниши кои содржат статуи е црквата Орсанмикеле во Фиренца, изградена помеѓу 1380 и 1404 година.
Дворецот Уфици во Фиренца (1560–81) го променил концептот поставувајќи ја нишата во ѕидот за да не стрчи. Уфици има дваесетина ниши кои содржат статуи на големи историски личности. Во Англија, нишите во стилот на Уфици биле усвоени во Монтакут Хаус (околу 1598 година), каде што има девет надворешни ниши кои содржат статуи на Деветте достојници.
Во Мадона на фра Филипо Липи, нишата trompe-l'œil ја врамува како со балдахин поставен над важна личност во доцниот среден век и во раната модерна Европа. Во исто време, Мадона е претставена како иконска скулптура која „оживеала“ со чудесна непосредност.
Во Иран, михработ е еден вид ниша во ѕидот на џамијата на точката најблиску до Мека кон која се насочуваат верниците за да се молат.
Нишите не се само еднострани, таков е случајот со Порта Маџоре, каде нишие се крила на двете страни на портата и некогаш биле изложени статуи. Малите римски храмови наречени „едикула“ често биле украсени со ниши. На пример, едикула на езерото Албано во Италија има шест ниши со различна висина.[4]
Слики
уреди-
Ниши кои содржат статуи на надворешноста на цркватаОрсанмикеле, Фиренца, ок. 1380–1404 година
-
Ренесансниот сликар Филипо Липи ја сместил својата Мадона од 1440-тите во симулирана ниша со полусвод на школка
-
Женска биста во ниша на зграда во Париз
-
Статуа во ниша на катедрала во Париз
-
Ниша во барокен дворец во Ла Мерсед, Мексико Сити.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „ниша“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „ниша“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Gwilt, Joseph (1876). An Encyclopaedia of Architecture, Historical, Theoretical, and Practical (англиски). Longmans, Green.
- ↑ 4,0 4,1 Gwilt, Joseph (1876). An Encyclopaedia of Architecture, Historical, Theoretical, and Practical (англиски). Longmans, Green.
- ↑ OED, "Niche"
- ↑ Adams, Laurie Schneider (2018). Italian Renaissance Art. Routledge. ISBN 978-0-429-97474-8.
Blind niche: a shallow niche, usually a purely decorative feature of a wall.
- ↑ Palmer, Allison Lee (2016). Historical Dictionary of Architecture. Rowman & Littlefield. ISBN 978-1-4422-6309-3.
Blind niches, or niches devoid of sculpture, also function as blind windows that do not open to the outside
- ↑ Cooper, J. Eric; Decker, Michael (2012). Life and Society in Byzantine Cappadocia. Palgrave Macmillan. ISBN 978-0-230-36106-5.
The design must have given the viewer the impression of a monumental hall with many rooms adjoined – the blind niches specifically designed and situated to resemble doors