Нирмала Џоши

Нирмала Џоши (позната како Сестра Нирмала; 23 јули 1934 - 23 јуни 2015) — католичка калуѓерка, која ја наследила добитничката на Нобелова награда, Мајка Тереза, во мисионерките на милосрдието и го проширила движењето низ светот.[1][2] Откако го преземала редот, после смртта на Мајка Тереза во 1997 година, Нирмала ја ширела мисијата со отворање на центри во 134 држави, како што се Авганистан, Израел и Тајланд.

Сестра Нирмала Џоши
Вероисповедхиндуизам (1934-1958)
католицизам (1958-2015)
РедМисионери на милосрдието
Лични податоци
НационалностИндијка
Роден(а)Нирмала Џоши
23 јули 1934(1934-07-23)
Синаја, Непал
Починал(а)23 јуни 2015(2015-06-23) (возр. 80)
Калкута, Индија
Старешинство
ЗвањеГенерална сестра
Служба1997-2009
НаследникМарија Према

ЖивотописУреди

Живот и кариераУреди

Нирмала Џоши, родена Кусум, е родена на 23 јули 1934[3] година во браминска фамилија како најстаро од 10 деца во селото Регми, Непал[4][5][6]. Нејзиниот татко бил офицер во Британско-Идиската Армија, сè до осамојостувањето во 1947 година[6]. Кога имала една година, нејзиниот татко ја донел фамилијата во Индија. Иако семејството било Хинду, таа била образована од Христијански мисионерки на планината Кармел, Хазарибаг. Во тоа време, дознала за работата на Мајка Тереза и посакала да се приклучи на мисијата. Се преобратила во Католицизам и се приклучила на Сестрите на Милосрдието, основани од Мајка Тереза[7]. Џоши е магистер за политички науки и има докторат од Универзитетот од Калкута[4][8]. Таа била една од првите сестри од институтот која водела мисија надвор од земјата кога заминала за Панама. Во 1976 година, Џоши основала гранка од Мисионерките на Милосрдието и останала на чело на истата до 1997 година, кога била избрана за наследник на Мајка Тереза како Генерална Сестра на институтот[8].

Владата на Индија и ја доделува наградата Падма Вибхушан, втората најзначајна цивилна награда на Денот на Републиката (29 јануари) 2009 за нејзините заслуги за нацијата[9][10]. Нејзиното време како Генерална Сестра завршува на 25 март 2009 година, кога ја наследува Сестра Марија Према од Германија[6].

СмртУреди

Џоши починува на 23 јуни 2015 година во Калкута после компликации со срцето[11]. Многу познати личности од Индија изразија сочувство на медиумите, вклучувајќи го премиерот Нарендра Моди и одговорниот министер за Западен Бенгал, Мамата Банерџи[12].

НаводиУреди

  1. Asianews
  2. „Letter to Coworkers“. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2017-02-16.
  3. [1]
  4. 4,0 4,1 „We are 'little pencils' in God's hand“. Eternal World Television Network. 2015. Посетено на 24 June 2015.
  5. „Sister Nirmala is no more“. Indian Express. 24 June 2015. Посетено на 24 June 2015.
  6. 6,0 6,1 6,2 „Sister Nirmala Bio“. Celebs Bio. 2015. Архивирано од изворникот на 2015-06-24. Посетено на 24 June 2015.
  7. {{Наведена мрежна страница | url=http://www.cam.org.au/Catholic-Faith/Faith-Education/Article/11694/how-india-remembers-mother-teresa | title=How India remembers Mother Teresa | publisher=Catholic Archdiocese of [[Melbourne | accessdate=11 September 2012 | archive-date=2015-06-29 | archive-url=https://web.archive.org/web/20150629115518/http://www.cam.org.au/Catholic-Faith/Faith-Education/Article/11694/How-India-remembers-Mother-Teresa | url-status=dead }}
  8. 8,0 8,1 „Indian-born nun to succeed Mother Teresa“. CNN. 13 March 1997. Посетено на 2014-08-03.
  9. „Padma Awards Directory (1954–2013)“ (PDF). Ministry of Home Affairs. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-11-15. Посетено на 2017-02-16.
  10. Padma Vibhushan
  11. „Sister Nirmala passes away - The Times of India“. Посетено на 2015-06-23.
  12. „Mother Teresa's Successor, Sister Nirmala Joshi, Dies at 81“. Посетено на 2015-10-25.

Надворешни врскиУреди

Духовни титули
Претходник
Мајка Тереза
Генерална сестра на
мисионерките на милосрдието

1997–2009
Наследник
Сестра Марија Према