Николо Малдини - Николче ( 1919 во Италија12 ноември 1944 во Матка, Скопско) — италијански партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

При нападот на Дванаесеттата македонска ударна бригада на германскиот транспорт на железничката станица кај селото Зелениково, во септември 1944 година, со уште неколкумина заробеници успеал да побегне и да им се приклучи на борците од Третата македонска бригада. Бил борец на првиот баталјон и учествувал во сите борби против Германците и албанските балисти. Посебно се истакнал во борбата кај селото Говрлево, Крушопек покрај Треска. Како искусен борец му било доверено да ракува со пушкомитралез. Во ракувањето со ова оружје се покажал како вистински борец. Учествувал во борбата за дефинитивното ослободување на Скопје. На 12 и 13 ноември 1944 година, неговата чета добила задача да ја заземе хидроцентралата Матка, а со тоа да се спречат Германците во намера истата да ја дигнат во воздух. Се развила жестока борба во која Германците и балистите претрпеле пораз. Во оваа жестока борба против непријателот, Никола храбро загинал.[1]

Смртта на Николо

уреди

Битката кај Матка и смртта на Николо, ја опишал неговиот другар и соборец Цветко Гаревски-Црни:[2]

Кога на 11 ноември 1944 година ја добивме наредбата следниот ден да почнат борбите за ослободување на Скопје, ни беше најсреќен ден, се радувавме и пеевме партизански песни - вели другарот Црни, кој како 18-годишник учествувал во ослободувањето на минираната брана на Хидроцентралата "Матка". Почнавме да пукаме, а од спротива веднаш добивме силен отпор. Бидејќи залихите на муницијата ни беа мали, мојот соборец и врсник Италијанецот Николо Малдини- Николче, ни рече да го штитиме за да земе муниција од еден загинат Германец. Отиде, ги грабна двата сандаци и тргна кон нас, но по неколку десетина метри падна. Помислив дека се препнал, но кога пак се крена, го видов целиот облеан во крв. И таков ранет успеа да ги дигне сандаците, ги донес, рече "победивме" и падна.

Во нивна чест во дворот на хидроцентралата Матка е подгинат споменик, пред кој се чествува нивното храбро дело за спасување и ослободување на градот Скопје. Официјални државни претставници на Македонија како и претставници на дипломатскиот кор, околу 9 мај - денот на победата над фашизмот, го посетуваат овој споменик, оддавајќи почит кон загинатите борци кои го спасиле градот Скопје.[3][4][5]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 223. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. „Не смееме да го менуваме името!“. vecer.com.mk. 13 ноември, 2008. Архивирано од изворникот на 2021-06-02. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  3. „ПОЧЕСНИОТ КОНЗУЛ СЕРГЕЈ САМСОНЕНКО ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА ПАРТИЗАНИТЕ-АНТИФАШИСТИ“. Russian consul in Bitola. Архивирано од изворникот на 2021-05-19.
  4. НМ (2018-05-09). „Шчербак: Никогаш да не го заборавиме подвигот на антифашистите“. Нова Македонија.
  5. „ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА ЗАГИНАТИТЕ ПАРТИЗАНИ СЕ ОДРЖА ЦЕРЕМОНИЈАТА НА ПОЛОЖУВАЊЕ ЦВЕЌЕ, 9 МАЈ 2019 ГОДИНА“. Russian consul in Bitola. Архивирано од изворникот на 2021-01-18.