Никола Живковиќ (Хаџи-Неимар)

Никола Живковиќ (Хаџи-Неимар) (Воден, 1792 - Белград, 1870)[1] — првиот архитект во обновената Србија на кнезот Милош Обреновиќ.

Никола Живковиќ
Роден 1792
Воден, Османлиско Царство
Починал 1870
Белград
Познат Конакот на кнегињата Љубица
Конакот на кнезот Милош во Топчидер
Занимање архитект

Роден во Воден во 1792 година, тој најверојатно се школувал во Солун или Атина, каде што имал роднини. Не се знае дали имал високо образование. Не се знае кога се преселил во Србија. Неговата сопруга Костадинка Каркаљер беше од Магарево. Имал четири ќерки и еден син.

Изградил многу државни објекти по налог на кнезот Милош. По прогонството на кнезот Милош во 1839 година и Живковиќ ја напуштил Србија. За време на втората влада на кнезот Милош (1858 - 1860), тој се вратил во Србија и станал „надзорник на владините згради“ во Генералната управа за градби во Белград. Тој останал на оваа позиција до својата смрт во 1870 година.

Поважни згради што ги изградил во Белград Уреди

 
Конакот на кнегињата Љубица изградена од 1829 до 1831 година

Првите градби (конаци) ги градел во балкански стил на 18 век, а во подоцнежниот период користел помали елементи од тогашната актуелна централноевропска архитектура.

Наводи Уреди

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Живковиќ, Хаџи Никола“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 543. Text "series " ignored (help)

Литература Уреди